Баба Ванѓа за 2019 година предвидува напад врз светски лидер

By

Слепата јасновитка Баба Ванѓа, чии следбеници велат дека таа точно го предвидела нападот на 11септември во Њујорк, растот на Исламска држава, цунамито во Индонезија во 2004 година, па и брегзит, предвидела дека во 2018 година ќе се случат два настани што ќе го променат светот.

Баба Ванѓа, која е родена во Струмица, а почина во 1996 година, има предвидувања за наредните векови, до 51 век, кога според нејзините визии ќе се случи крајот на светот.

За 2019 година таа предвидува економски колапс во Европа и обид за атентат врз Владимир Путин. Таа верувала дека заканата за Путин доаѓа од неговиот безбедносен тим, но не прецизирала дали рускиот претседател ќе умре.

Јасновитката предвидува огромно цунами, слично на тоа од 2004 година, како и метеор што ќе падне во Русија.
Русија. Според нејзините предвидувања, Доналд Трамп ќе се разболи од мистериозна болест, поради што ќе оглуви, а ќе страда и од  нарушувања во мозокот.

Следбениците на Баба Ванѓа веруваат дека таа имала паранормални способности, како телепатија и комуникација со вонземјани. Според експертите кои ги истражувале нејзините предупредувања, се исполниле 68% од нејзините предвидувања.

Ќе ви се допадне