Бил Гејтс им одговори на сите теоретичари на заговор за коронавирусот

By

Еден од најбогатите луѓе на светот Бил Гејтс за време на интервјуто дадено за „Си-ен-ен“, ги коментираше сите теории на заговор кои од почетокот на пандемијата на коронавирусот се однесуваат на него.

Огромен број на корисници на „Фејсбук“ објавувале такви теории, а во кои го споменуваат Гејтс. Тоа е случај и со другите социјални мрежи.

„Се наоѓаме во ситуација каде постојат социјални мрежи на кои се објавуваат возбудливи работи. За време на пандемијата, кога работите се неизвесни, луѓето најлесно имаат едноставни објаснувања. Поради тоа, луѓето како мене, стануваат мети со милион пораки кои им се испраќаат секој ден“, објаснува Гејтс.

„Нашата фондација даде повеќе пари за развој на пет вакцини кои ќе спасат животи, отколку која било друга организација. Но, тоа се се занемерува од страна на оние кои тврдат дека ние од тоа заработуваме и дека се обидуваме да убиваме луѓе“, дополнил Гејтс.

Тој вели дека делот кој ги поврзува со вакцините е точен, но таа поврзаност се извртува. Тој им порача на луѓето кои работат на развој на лековите и вакцините како коронавирусот, дека имаат добра намера.

Според неговите зборови, тој е шокран од бројот на објави кои содржат теории на заговор на социјалните мрежи. Гејтс потсети дека вакцините биле предмет на овие теории и пред избивањето на пандемијата со коронавирусот.

 

 

Ќе ви се допадне

KissAnime free anime: Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Episode 26

AnimeHeaven dragon ball super anime heaven: Watch Death Note (Dub) Episode 27