Бил Гејтс купи 100.000 хектари обработлива земја и стана најголемиот приватен сопственик на земјоделско земјиште во САД

Еден од најбогатите луѓе на светот, Бил Гејтс, поседува најголем процент од земјоделско земјиште во САД. Неодамна стана сопственик на 100.000 хектари обработлива земја во 18 сојузни држави.

Со неодамнешната најнова аквизиција тој стана најголемиот приватен сопственик на земјоделско земјиште во Америка. Најголемата површина на земја ја има во Луизијана, па потоа следуваат Арканзас и Небраска.

На многумина им е необично човекот кој ја има најголемата технолошка фирма на светот, „Мајкрософт“, да е истовремено e и најголем сопственик на земјиште.

Бил и неговата сопруга Мелинда Гејтс уште во 2008 година објавија дека ќе дадат преку 300 милиони долари за промоција на малите земјоделци во Африка и Азија и тоа оние кои се занимаваат со одржливо земјоделство, а имаат и високи приноси.

Нивната добротворна-инвестициона компанија вложила и во развој и ширење на супер посеви, кои се отпорни на климатски промени и во млечни крави, кои даваат големи количини на млеко.

Дали Гејтс ќе ја искористи целата земја и за што ќе ја искористи, засега не е познато. Многумина се надеваат дека ќе ја искористи во рамки со вредностите на нивната фондација за одржливо и еколошко производство и слични цели.

Бил Гејтс можеби е најголемиот приватен сопственик на обработлива површина, но е далеку од бројот еден кога станува збор за сопственик на земја генерално. Таму на тронот се наоѓа Малон, директорот на компанијата „Либерти Медиа“ и акционер во големи медиумски корпорации, кој е сопственик на 2,2 милиони ари ранчови и шума.

На третото место е Тед Тарнер, основачот на „Си-ен-ен“, со два милиони хектари земја и ранчови во осум американски држави. Дури и директорот на „Амазон“, Џеф Безос вложува во земја. Тој поседува 420.000 хектари земја, повеќето во западен Тексас.

Scroll to Top