Бил Гејтс: Ниту вакцината можеби нема да може да го спречи коронавирусот

Правењето вакцини не гарантира целосно оздравување и спречување на новиот тип коронавирус, смета основачот на „Мајкрософот“, Бил Гејтс, пренесува „Спутник.рс“.

Коментирајќи го мислењето на епидемиолозите, Гејтс смета дека вирусот ќе продолжи да се шири сè додека не се зарази 60 до 70 проценти од населението.

Милијардерот објаснил дка вакцината има две основни функции.

„Едната е да се овозможи индивидуална заштита од вакцинираниот човек, а другата му овозможува да престане да биде носител“, објаснил Гејтс за Си-ен-ен.

Според неговото мислење, најверојатно вакцината ќе биде најкорисна токму за индивидуална заштита.

„Не може да се гарантира дека вакцината сигурно ќе го спречи ширењето на инфекцијата“, заклучил тој.

Scroll to Top