Бил Гејтс повторно прогнозира, уште милиони ќе починат пред крајот на пандемијата со коронавирусот

Милијардерот и основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, повторно се јави со свои прогнози за крајот на пандемијата со коронавирусот. Тој вели дека уште милиони ќе починат пред да заврши крајот на ширењето и целосната добиена битка со Ковид-19.

„Уште милиони ќе починат пред да заврши пандемијата со Ковид-19“, порача Бил Гејтс во итервјуто со Зени Минтон Бедос, главниот уредник на угледниот британски „Економист“.

Гејтс објаснил дека повеќето од тие смртни случаи нема да бидат предизвикани од самиот вирус, туку од неподготвеноста на здравствените системи и економии да се изборат со последиците од пандемијата.

Гејтс се пожалил и на политизацијата и реакциите на Американците за вирусот и ширењето на теориите на заговор, со што, како што тврди тој, се забавиле напорите за сузбивање на ширењето на болеста.

Но, средорочно, тој понуди причини за надеж и предвидува дека до крајот на 2021 година, размерно, ефикасната вакцина ќе биде во масовно производство.

На тој начин, поголемиот дел од светското население ќе добие имунитет и ќе се спречи понатамошното ширење на пандемијата. Минаа неколку години откако тој предупреди дека не е во прашање дали, туку кога ќе се појави нова болест која ќе предизвика пандемија.

Тој уште тогаш го повика светот да вложува во истражување на вакцина. Неговата фондација има ветено повеќе од 350 милиони долари за сузбивање на пандемијата Ковид-19, од кои повеќето од овие пари веќе се дадени за намалување на влијанието на вирусот на земјите во развој.

Во светот се развиваат повеќе од 150 вакцини. Гејтс веќе донираше стотина милиони за таа цел, а тој, како што вели самиот, е подготвен да донира многу повеќе.

Но, парите од приватните фонации имаат ограничувања и Гејтс смета дека владите мораат да го преземат водството и нивната дистрибуција на здравствени мрежи мора да се користи за дистрибуција на вакцината, за да се стекне јавна поддршка и доверба во вакцината.

Досега државите ветиле само 10 милијарди долари за глобални напори за производство и дистрибуција на вакцините. Гејтс смета дека тоа не е доволно.

Scroll to Top