Бил Гејтс се плаши од следната пандемија затоа што може да биде посмртоносна од Ковид-19

By

Милијардерот и коосновач на „Мајкрософт“, Бил Гејтс предупреди дека следната пандемија би можела да биде полоша и посмртоносна од коронавирусот.

dobivaj vesti na viber

Тој ова го рече по ветувањето дека Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс ќе им дадат 150 милиони долари на Коалицијата за иновации и подготовки за епидемијата CEPI.

Донацијата ќе биде искористена во борбата против ковид 19, како и за сите потребни подготовки за идните пандемии.

„Додека светот се бори о вируот кој брзо се развива, потребата за новите алатки кои спасуваат живот, никогаш не биле поважни и поитни. Нашата работа во изминатите 20 години не научи рано да вложуваме и истражување за да можеме да спасиме што е можно повеќе животи и да ги спречиме најлошите можни сценарија. Пред пет години, по епидемијата на ебола и вируот зик, нашата фондација помогна да се покрене CEPI. Денес ја зголемуваме нашата посветеност и ветуваме дополнителни 150 милиони долари за да помогнеме на CEPI, да го забрза развојот на безбедни и ефикасни вакцини против новите варијанти на коронавирусот и да се подготви, а можеби и да ја спречи следната пандемија“, рече Гејтс.

CEPI има за цел во наредните 100 дена да обезбеди вакцина. Според пишувањата на „Индипендент“, Гејтс ја икористи можноста да апелира до владите да дадат вој допринес за да го спречат ширењето на идните пандемии кои би можеле да вклучат поголем број на смртни случаи од пандемијата со ковидот.

Фонадацијата на Гејтс ја основаше CEPI во 2017 година заедно со Velcom, Светскиот економски форум, како и со поддршка на Норвешка и Индија. Ова се случи по епидемијата на ебола.

 

 

 

Ќе ви се допадне

Aniwatch - Free Anime Streaming Online - Aniwatch Official. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

AniWatch Naruto Episode 213

To Your Eternity Episode 16

free anime Attack on Titan Final Season (Dub)

anime website AniWatch Dragon Ball Super (Dub)

aniwatch AniWatch The Seven Deadly Sins: Dragon's Judgement

tải go88