„Билд“: Украина се обиде да организира атентат на Путин со дрон

Украинските специјални служби првпат од почетокот на војната се обидоа да организираат обид за атентат врз рускиот претседател Владимир Путин, пренесе германскиот таблоид „Билд“.

Киев се обидел да изврши атентат во неделата, на 23 април, но завршил неуспешно. Украинците лансирале беспилотно летало УЈ-22, со кое се обиделе да го нападнат новиот индустриски парк Руднево во московскиот регион, каде наводно требало да биде Путин.

Колумнистот на ВГТРК и дописник од Кремљ, Павел Зарубин, потврди дека Путин планирал да о посети Рундево, но оваа недела, а не минатата.

„Следната недела Путин ќе посети еден од индустриските паркови во Москва“, рече Зарубин.

Дронот на Украинците носел 17 килограми експлозив Ц-4, кој се урнал во регионот на Москва на 23 април. Како што напиша „База“, причината за падот на дронот од 3,5 метри може да биде тоа што останал без гориво, а внатре во него имало околу 30 брикети тешки 570 грама со експлозив.

Украинскиот активист Јуриј Романенко, кој наводно е близок со киевските специјални служби, рече дека минатата недела украинските тајни служби дознале за патувањето на Путин во Руднево, а имале и мапа од неговото патување низ паркот.

„Овој дрон полета со причина“, рече Романенко.

Како што пренесе „Билд“ засега е нејасно дали рускиот претседател имал во план да го посети паркот во неделата, а објасни дека од безбедносни причини, не секогаш посетите на Путин се објавуваат во јавност и тие можат да се случат уште пред да се дознае за нив,

Еден ден претходно, ТАСС објави дека Путин ќе пристигне на Руднево во четврток, на 27 април. Во паркот претседателот ќе одржи состанок за развој на беспилотни летала.

Да се изврши целен удар врз шефот на руската држава со помош на беспилотно летало камиказа е речиси невозможна акција, изјави за „Билд“ политичкиот аналитичар Сергеј Сумлени. Сепак, фактот дека таков дрон би можел да стигне до местото каде Путин планирал да застане е шлаканица на рускиот диктатор, додаде тој.

Scroll to Top