Бивши соработници ја обвинија Меган дека е нарцисоиден социопат која од првиот ден го планирала заминувањето од палатата

By

Поранешните вработени во кралската палата кои се нарекуваат „Клуб на луѓе кои го преживеаја Сасекс“, ја нарекоа Меган Маркл нарцисоиден социопат која уште од првиот ден го планирала заминувањето од кралската палата.

dobivaj vesti na viber

Тие тврдат дека Меган внимателно и намерно оставала докази дека не е посакувана за да може подоцна во јавноста истите да ги искористи во своја полза. Нивните тврдења се запишани во новата книга на новинарот и автор Валентин Лоу.

Тие веруваат дека заминувањето на Меган од палатата е со предумисла и дека единствена грижа ѝ било дали ќе може да заработи пари за себе. Еден од нив му откри дека Меган од првиот ден посакала да биде одбиена од кралското семејство, затоа што била опседната со приказната дека не припаѓа таму.

Велат дека ги изиграла нејзините соработници во повеќе наврати. Во книгата се тврди и дека персоналот бил убеден во тоа дека војвотката сакала да покаже дека институциите ја изневериле, па дури и веруваат дека има циничен мотив зад нејзината одлука да се жали на шефовите за човечки ресурси, кои покажувале сочувствителност, но не ѝ нуделе помош.


„Ова беше неизбежно: HR е тука за да се справи со проблемите на вработените, а не на членовите на кралското семејство“, се вели во книгата.

„Меган веројатно го знаеше тоа, па останува прашањето што правеше таа таму. Јас мислам дека оставаше докази дека не го добива третманот кој смета дека го заслужува“, откри поранешен член на персоналот.

„Сите знаеја дека институцијата ќе се оценува според нејзината среќа. Погрешија затоа што мислеа дека таа сака да биде среќна“, дополни изворот.

Со време персоналот толку бил разочаран што почнале да се сомневаат дека дури и нејзините најочајни молби биле стратешки смислени, за да си го олесни своето заминување.

Меѓу најистакнатите членови во „Клубот на преживеани“ е Саманта Коен, која лично била замолена од кралицата да им биде приватна секретарка на Меган и Хари и да работи за нив од моментот кога се венчаа во мај 2018 година па до крајот на нивната јужноафриканска турнеја во септември 2019 година. Сара Латам била задолжена за односи со јавноста.

Според книгата, некои од персоналот на Меган се посомневале дека на крајот таа само сакала да заработи пари. И единствениот начин на кој таа можела да го направи е да го остави својот кралски живот и да се врати во САД.


Според друг извор, дел од проблемот бил тоа што сите во палатата биле премногу љубезни.

„Кога некој ќе одлучи да не биде учтив, нема поим што да прави. Таа ги прегази, а потоа и Хари ги прегази“, откри тој.

Госпоѓа Коен, која имала 17 години искуство во палатата, често му говорела на Едвард Јанг, приватниот секретар на кралицата, и на Клајв Алдертон, приватниот секретар на Чарлс, дека ако работите тргнат наопаку, ќе им требаат докази дека се грижеле за Хари и Меган.

Ќе ви се допадне