Близначки виновни за падот на малезискиот авион

Голем број на теоретичари на заговор, но и експерти, го посочија прстот кон Захарие Ахмед Шах пилотот на малезискиот авион МH370 и соопштија дека неговото психотично однесување била причина за веројатниот пад и исчезнување од радарот во 2014 година.  Во моментот кога исчезнал, во авионот имало 238 патници и членови на екипажот.

Од истражувањата направени на неговиот профили на социјалните мрежи бил откриен аутодеструктивниот карактер на пилотот Шах. Тој прогонувал две помлади сестри близначки од Малезија и им праќал сексуални коментари секој пат кога ќе имал можност.

Дваесетгодишните сестри Лан Куи Хуи и Куи Мин Лан добиле повеќе од 97 пораки од Шах во 2013 година, од кои повеќето од нив ги игнорирале. Во пораките тој барал да го посетат во местото каде живеел со неговото семејство и ја критикувал малезиската влада и покрај тоа што работел за државна авио-компанија.

Во април 2013 година, за време на тогашните избори, Шах испратил 119 пораки до тогашниот малезиски премиер Разак, на што добил одговор дека го разбира за критиките и дека во секој човек постои некој мал бунтовник. За многумина во компанијата тоа било знак за активирање на алармот дека нешто не е во ред со Шах.

„Мислам дека покажувал одлики на опсесивно однесување, заедно со непресметливост, нешто што е необично за еден пилот“, навел британскиот психолог Пол Дикенс. И покрај сеопфатната четиригодишна истрага, остатоците од MH370 сеуште не се лоцирани.

„Добра ноќ, малезиски три седум нула“, биле последните зборови од пилотот во авионот.

Scroll to Top