Близнаците милијардери во центарот на аферата што ја разниша цела Британија, семејните мрачни тајни испливаа во јавност

By

Аферата со прислушкување во која се вмешани двајцата браќа близнаци, 85-годишните Фредерик и Дејвид Баркли, деновиве ја потресе Британија.

Во прашање е семејството на неразделните браќа близнаци милијардери, но и бизнисмени од Ката, кои се вмешани во скандал тежок 7 милијарди фунти.

Фредерик и Дејвид се сопственици на британски „Телеграф“, онлајн малопродажниот сервис The Very Group, компанијата за достава „Јодел“ и лондонскиот хотел “Риц“. Двајцата потекнуваат од сиромашно семејство, а сега имаат своја сопствена имерија која макотрпно ја граделе.

Пред дваесет години заедно клекнале пред британската кралица Елизабета и ја добиле титулата  витези. Тоа била ретка пригода кога  двајцата биле видени заедно во јавност. Тие екстремно се држат до приватноста и многу ретко се појавуваат во јавност

Затоа е разбирлив шокот кај поголемиот број Британци кога на почетокот на годината дознаа за аферата и сплетките во нивното семејство.

Во фокус бил еден од најпрестижните хотели на светот, стар повеќе од еден век. Аферата „Баркли“ против „Баркли“ испливала во јавност кога Фредерик ги тужел своите внуки за прислушкување.

Фредерик минатиот месец доставил до судот снимки од скриена камера на кои се гледало како неговиот најмлад братучед Алистер, во црн дуксер, влегува во неговата соба за приватни состаноци и поставува апарат за прислушкување.

Во тужбата што се водела против Алистер, Ејден, Хауард и синот на Ејден, Ендру, а која ја поднеле Фредерик и неговата ќерка Аманда, е наведено дека просторијата е прислушкувана од ноември минатата година до мај оваа година.

Оваа недела внуците конечно признале дека поставиле апарат за прислушување во собата во која нивниот чичко  ги држел состаноците, па сега мораат да им платат нему и на неговата ќерка отштета поради нарушување на приватноста и злоупотреба на личните податоци.

Но, негираат дека подготвувале заговор за да ги повредат деловните или финансиските интереси на Фредерик и Аманда, додавајќи дека нивните постапки биле резултат на сериозната загриженост околу некои аспекти во однесувањето на Фредерик.

Тие тврделе дека сакале само да го заштитат семејниот деловен интерес. Судската драма, по која браќата престанале да разговараат, била епилог од повеќемесечен конфликт околу продажбата на хотелот „Риц“. Фредерик сакал хотелот да го продаде за повеќе од милијарда фунти, затоа што, како што тој тврди, добил веќе две понуди поголеми од тој износ.

Една од нив била понудата од 1,3 милијарда фунти од саудиската компанија Sidra Capital. Но, другата страна од семејството тоа го игнорирала, па на крајот хотелот е продаден за речиси двојно помала цена на катарскиот бизнисмен Абдулахадиј Мани ал Хајрију, роднина на катарскиот емир, шеикот Тамин бин Хамад ал Таниј.

Обвинетата страна на семејството тврди дека Фредерик им открил доверливи податоци на заинтересираните купци, иако веќе подолго од три децении не бил вклучен во деловните врски за хотелот. Како што тие тврдат, поради тоа биле загрижени и принудени да постават апарат за прислушкување.

Синовите и внуците на Дејвид минатата година го зацврстиле својот статус во семејната компанија. Ејдан и Хауард станале директори на „Риц“, како и личности со значителна контрола во другите гранки на бизнисот, додека делот на Аманда во компанијата паднал само на 25%.

Нееднаквата поделба на богатството во империјата вредна милијарди била направена на семејната јахта среде Средоземното Море пред 30 години. Наводно, Дејвид, кој во тој момент бил многу болен, го замолил својот брат да му ја исполни последната желба пред да умре.

Побарал од братот да се одрече од половина од својот дел во корист на неговите тројца синови и четвртиот Данкан, кој подоцна бил исфрлен од тестаментот. Идејата била синовите на Дејвид и Аманда да добијат подеднаков удел и контрола во компанијата.

Фредерик тоа и го направил, а подоцна признал дека тоа му била најголемата грешка во животот. Тоа на едната страна на семејството ѝ овозможило да има извршна контрола над другата, нешто поради што настанала семејната мелодрама, која ги чинела огромни суми за правни такси и им задала фатален удар на односите на некогаш неразделните близнаци.

 

Ќе ви се допадне