Близок соработник би можел да му пресуди на принцот Ендру во случајот со сексуално вознемирување малолетни девојки

Близок соработник би можел да му пресуди на принцот Ендру во случајот со сексуално злоставување на малолетни девојки, пренесоа британските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Како што пишува Daily Beast, Роберт Олни би можел да биде човекот кој ќе сведочи против Ендру и ќе им помогне на обвинителите да докажат дека тој е поврзан со сега веќе починатиот милијардер и осуден педофил, Џефри Епстајн и неговата поранешна девојка мадам Максвел.

Судијата во Њујорк Луис А. Каплан, побарал да се испраша Олни и да се истражат сите комуникации на принцот со Епстајн со нив двајцата. Тој побарал да се истражат сите негови патувања во вилата на Епстајн и сите искази да бидат собрани до крајот на април.

Новите судски документи откриваат дека судијата кој е задолжен за граѓанската тужба на Вирџинија Џефри во САД, пишал писмо до Високиот суд на правдата во Велика Британија и до австралискиот државен адвокат и од нив побарал помош во составувањето на доказите за тужба.

Наводно тој побарал сведочење на четири лица меѓу кои бил и Роберт Олни. Покрај Олни, тука е и Шукри Волкер, која тврди дека за време на инцидентот го видела војводата во ноќен клуб со Трамп и Роберт Џефри, сопругот на Вирџинија Џефри и нејзиниот психолог доктор Џудит Лајтфут.

 

Scroll to Top