Богатството на најмоќните семејства на шеиците е невозможно да се пресмета

Членовите на кралското семејство во Саудиска Арабија се наоѓаат на самиот врв на листата на најбогати луѓе на светот, но за малкумина од нив се знае со колкаво богатство тие навистина располагаат.

Нивните имиња не се наоѓаат на ниту една листа на светски милијардери. Нивното богатство е тајна и е невозможно да се пресмета.

Според индексот на „Блумберг“, во Саудиска Арабија се документирани 15 милијадери, чие вкупно богатство е проценето на 63 милијарди долари. Според оваа листа, најбогат е принцот Алвалдин бин Талал, чие богатство се проценува на околу 18 милијарди долари.

Сепак „Блумберг“ напоменува дека станува збор за мал дел на саудсики богаташи, односно само на оние кои ги имаат откриени нивните финансии или кои поседуваат некои јавни компании. Оттука е речиси невозможно да се следи нивното богатство и текот на парите.

На пример, на листата на милијардери го нема најбогатиот, принцот Мухамед бин Салман. Според медиумските извештаи, Салман неодамна потрошил околу 1,2 милијарди долари на разни луксузни работи, вклучувајќи ја и сликата на Леонардо Да Винчи за која ја платил 450 милиони долари.

Убедливо најмногу пари кралското семејство заработува од продажбата на нафта и тоа преку државната компанија „Сауди Арамко“, најголемата енергетска компанија во сетот. Неодамна аналитичарите процениле дека и покрај тоа што оваа компанија ги крие некои од најголемите тајни, сепак следната година може да се најде на светската берза.

Според проценките на „Блумберг“, приходите на кралското семејство од „Арамко“ изнесува повеќе од 260 милијарди долари. Но, во буџетот не е наведено како тие ги делат парите, па речиси е невозможно да се знае колку добива секој член.

Кралското семејство заработува и од соработката со странски компании кои се агенти или „тивки партнери“ на саудискиот пазар.

Семејството заработува и од развој и трговија со недвижности, каде работата им е олеснета благодарение на тоа што имаат пристап до државните банки од кои позајмуваат пари за проекти.

Интересно е што во Саудиска Арабија не е тајна само богатството на кралското семејство, туку и на обичните граѓани. Во оваа држава не постои данок на богатството, па со самото тоа ни обврската за негово пријавување.

Некои од милијардерите се откриени за време на неодамнешните антикорупциски акции во Саудиска Арабија. На пример, принцот Митеб бин Абдулах, поранешниот шеф на Националната гарда, пред три недели платил повеќе од милијарда долари за да биде ослободен од обвинувањата за корупција. Неговото име не се наоѓа на ниту една листа милијардери, ниту пак се знае од каде му се парите.

Scroll to Top