Братот на Ким Џонг-ун е следниот на отстрел на листата на деспотот

Братот на Ким Џонг-ун е следниот на отстрел на листата на деспотот, прогнозираат светските експерти, запознати со владеењето на севернокорејскиот лидер. Врховниот лидер Ким се појави за првпат во јавноста откако ѝ даде значителни овластувања на неговата сестра Ким Јо-џонг.

Многумина сега тврдат дека Ким и Јо-џонг се гладни за моќ и дека двојката ќе избегне какво било надворешно влијание од преостанатите членови на семејството.

Професорот Сунг-Јун Ли, научник по корејски и истичноазиски студии кој важи за голем авторитет за Северна Кореја,  тврди за „Њујорк тајмс“ дека вториот брат на Ким, Ким Пјонг-ил, би можел да биде следниот на листата за отстрел.

„Ким Пионг-ил е полубрат на Ким Џонг-ил, кој долго време живеел во егзил во Источна Европа, го третираат повеќе како далечен роднина, отколку како основен член на кланот.

„Во најдобар случај треба да го следат и да го задржат. Во најлош случај, неговиот живот, како и животот на другиот вујко и полубрат на Ким Џонг-ун би можел да се покаже како несигурен и краток“, вели Ли.

Идеолошката основа на режимот се заснова на „натчовечкото“ и наводно револуционерно водство на основачот на земјата Ким II-сунг. Потоа раководството мора да се пренесе по крвна линија во семејството, за кое граѓаните на Северна Кореја учат дека потекнува директно од боговите.

Северна Кореја под водство на Ким стана позната по отстранувањето на потенцијалната семејна закана.

Сестрата на лидерот Ким Јо-џонг се појави на кризниот состанок, на кој деспотот ги предупреди властите во Северна Кореја да се подготват за опасноста од пандемија со коронавирусот и  тајфунот. Државата сè уште не потврди ниту еден случај на заразен со Ковид 19 и смета дека епидемијата би ја девастирала и така сиромашната нација.

Говорејќи на состанокот на политбирото во вторникот, Ким изјавил дека постојат некои недостатоци во напорите на државата да го спречи вирусот, пренесуваат државните медиуми, не пренесувајќи никакви детали.

Минатата недела е објавено дека Јо-џонг и уште неколку помошници на Ким ја презеле во свои раце централизираната власт. Одлуката Јо да биде одговорна за дипломатијата со Јужна Кореја и САД се смета за обид на Ким да ја цементира власта на своето семејство во земјата.

 

 

 

Scroll to Top