Британецот Марк Бојл има сон да живее без пари

Британецот Марк Бојл е дипломиран економист кој долго време работел за корпорации продавајќи ГМО-производи низ Англија.

Откако го гледал филмот „Ганди“, кој целосно му ја променил перспективата за светот и екологијата, Марк извел експеримент и минал една година од животот без пари.

Не почувствувал дека неговиот потфат ќе го продолжи за дополнителни пет години.

Се обидел кратко време да биде менаџер во неколку компании кои се занимаваат со производство на органска храна. Набрзо сфатил дека на тој начин нема да промени ништо, а по разговорите со негов пријател, Марк одлучил да експериментира со својот живот.

Целиот живот му зависи од почитување на луѓето околу себе. Ако е добар кон нив, за возврат добива храна и пијалак, но и работа што би можел да ја прави во замена за пристојно ноќевање.

Со себе имал само лаптоп за да пишува дневник за својот експеримент. Го напојувал со соларна енергија. Не бил зависен од струја.

„Кога би одгледувале своја храна, не би ја фрлале како што тоа го правиме денес. Ако самите ги правиме масите и столовите, не би ги фрлале за да купуваме нови модели. Ако самите мораме да ја чистиме водата што ја пиеме, не би ја загадувале така лесно. Ние мораме да бидеме промената што сакаме да ја видиме во светот. За мене тоа значи дека мораме да се откажеме од парите“, вели тој.

Марк уште во првиот ден нахранил 150 луѓе од намирници кои ги пронашол фрлени. Веќе година дена има свои посеви од кои добива овошје и зеленчук за оброци. Марк признава дека не му било лесно во почетната фаза од експериментот.

Првите неколку месеци му било најтешко. Особено затоа што дошол од конвенцијално друштво и сè му изгледало ново. Му било тешко да  најде храна, како ќе стигне од точката А до точката Б, па како ќе ги мие забите. Тоа му биле проблемите затоа што пред почетокот на експериментот тој зависел од парите.

Година дена се хранел со фрлена или рециклирана храна, а почнал да одгледува и своја храна. На крајот на годината ги видел плодовите од својот труд и можел да се храни од сопствената градина. Кога е во прашање тоалетот, место тоалет хартија, користел весници. Пастата за заби ја правел од семиња.

Се капел во реките со сапун од билки. Цело време пешачел, а повремено користел и велосипед. Наместо тоалет, направил складиште за изметот, кој го користел за одгледување на градината. По два-три месеци, почнал да верува дека потребите ќе му бидат решени.

Единствено нешто што купил се патики од четири фунти, од хуманитарна организација, и тоа се случило дури три години откако го почнал својот експеримент, а попатно ја напишал и книгата The moneyless man, која се продала во 100 000 примероци ширум светот, а во која објаснил дека е можно да се живее без пари во современиот свет.

Во неа објаснил дека успеал да подготви банкет за 1000 луѓе користејќи рециклирана храна. Тоа се случило откако гледал филм со помош на проектор и звучници што  работеле на природна сила. Еден од нив ги вртел педалите на велосипедот на кој бил прикачен проекторот.

Сега, кога одлучил да го заврши експериментот, сака да напише уште една книга – Drinking Molotov Coktalils with Gandhi. Парите од продажбата ќе ги даде во добротворна организација која набавува храна за бездомниците и децата во Африка.

Марк заклучува дека денешната нација е премногу зависна од технологијата. Тој смета дека сите треба самите да си ги засукаат ракавите. Не треба да се консумираат лабораториски направените лекови. Тој ги излекувал сите болки со обични билки што можат да се најдат во неговата градина.

Но, тоа не ги исклучува комплицираните операции кои се нужни за да се спаси нечиј живот. Марк смета дека неговата безбедност повеќе не се наоѓа во банковната сметка. Тој е подготвен да го земе животот во свои раце доколку тоа биде потребно.

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top