Британска неонацистичка група повикува на убиство на принцот Хари

Британска неонацистичка група повикува на убиство на принцот Хари, затоа што ја издал својата раса со тоа што ја земал Меган Маркл да му биде невеста пренесува „Индипендент“.

Групата Sonnenkrieg Division, основана од Енрду Димок, студент од градот Бат, е направена по углед на американската екстремистичка организација Atomwaffen Division,. На германски значи атомско оружје. Таа постои од 2013 година.

Нивната цел е да ги уништат цивилизацијата и поредокот, кои како што велат се основани од националистичките држави. Во прашање е сериозна екстремистичка организација, на која и се припишани најмалку пет убиства. „Би-Би-Си“ пренеусва дека британската група претставува голема закана. Зад пропагандата на нивните идеали стои 17 годишниот Оскар Кочоровски.

Принцот Хари во моментов е шестиот во редот за наследници на британскиот престол, по неговиот татко принцот Чарлс и постариот брат принцот Вилијам и неговите три деца. Тој и американската актерка Меган Маркл се венчаа на 19 мај годинава во Виндзор. Војвотката од Сасекс, како што гласи нејзината титула е во блажена состојба и се очекува да се породи во април или мај наредната година.

Полицијата наишла на стотина заканувачки пораки од екстремисти од цела Европа на сметка на кралското семејство. Меѓу нив се и оние кои ги испратил Брендон Расел, основачот на групата во САД, кој е осуден на пет години робија, откако полицијата на почетокот на 2018 година, во неговиот стан во Тампа, во Флорида, пронашла материјал за правење бомби.

Припадниците на групата го обожаваат Адолф Хитлер, водачот на нацистичка Германија. Имаат вежби со борби со кучиња, и активности за преживување во природата и вежби со огнено оружје. Во една од пронајдените пораки на Ендру Димок, чиј прекар е Блици, повикува на убиство на полицајци во Велика Британија.

Тој стои зад плакатот на кој на принцот Хари му е вперен пиштол во глава, додека под црвените дамки од крв се надѕира свастика, симболот на фашистите.

„Се гледаме подоцна, предавнику на расата“, се наведува во пораката на плакатот.

Мајката на принцезата Меган, Дорија Рагланд е Афроамериканка.

 

Scroll to Top