Британците не ги паметат по добро англиските кралеви кои го носеле името Чарлс, познати се по погубувањата, скандалите и развратниот живот

Кралот Чарлс Трети седна на британскиот престол како најстар монарх. Претходниците кои го носеле неговото име историјата не ги памети по добро. Како што пренесува „Тајмс“, тие не се прославиле и Британците ги паметат по погубувањата, скандалите и развратниот живот.

Чарлс меѓу неколкуте имиња кои му се доделени за време на крштевката, Чарлс Филип Артур Џорџ, го избрал Чарлс иако претходните два британски монарси со овие имиња не се запаметени по добро. Периодот на британската историја, за време на владеењето на Чарлс Први, роден во 1600 година, бил еден од најтурбулентните во историјата на оваа монархија.

Завршил со погубување на кралот 49 години подоцна. Во меѓувреме, во земјата избила граѓанска војна која целосно го поткопала поимот на семоќна апсолутна монархија или  каква било монархија 11 години по неговото погубување, кое се случило пред салата за банкети во лондонски Вајтхол.

Син му Чарлс Втори, за време на периодот познат во историјата како интерегнум, се притаил на европскиот континент, движејќи се од земја во земја и се криел од Оливер Кромвел, пуританскиот водач кој се кренал против татко му.

Се вратил откако републиката се распаднала поради внатрешни турбуленции. Периодот на обнова на Англија започнал кога Чарлс Втори се вратил на тронот во 1661 година. Но, улогата на монарх повеќе не била така апсолутна, а и за разлика од татко му, тој не инсистирал толку на тоа.

Затоа владеењето на таканаречениот весел крал ќе биде запаметено најмногу по неговиот хедонизам, многубројните љубовници и по тоа што пред самата смрт станал римокатолик. Неговото име го носи и раса на куче, шпаниелот на кралот Чарлс.

Кралот ги обожавал овие кучиња и ги имал во голем број во неговиот двор. Третиот британски крал Чарлс ќе остане запаметен и по тоа што во долгата 1000 години историја е најстариот британски суеверен кој се искачил на тронот.

Седумте децении како наследник беа најдолгиот период на чекање за да стане крал. Како принцот од Велс, Чарлс имал многу време да одлучи кое име ќе го земе кога конечно ќе стане крал. Имал можност да одбере меѓу неколку имиња кои ги добил кога се родил.

Кралицата Елизабета Втора и принцот Филип својот првороден син го крстиле како Чарлс Филип Артур Џорџ. Пред некои седум години во јавноста се појави информација дека идниот крал ќе го носи името Џорџ Седми, во спомен на дедо му, кој е роден како Алберт.

Во семејството Џорџ Седми продолжиле да го нарекуваат Берти, дури и откако станал крал.

„Тоа не би била само почест за неговиот дедо, туку и некаков вид на спомен на неговата покојна баба, која ја обожаваше“, рече поранешниот портпарол во Бакингемската палата Дики Арбитер за Би-би-си во 2005 година.

И како што лондонски „Тајмс“ забележа таа година: „Викајте ме Џорџ, предлагал Чарлс“, за да може како Чарлс Трети да ги избегне несреќните асоцијации со еден од најкрвавите периоди во историјата на монархијата.

Scroll to Top