Буенос Аирес бара од Лондон да им ги врати Фолкландските острови кои им беа одземени по поразот од 1982 година

Аргентина побара од Велика Британија да почнат со нови преговори за суверенитетот на Фокландските острови во јужниот Атлантик. Во четвртокот од аргентинското министерство за надворешни работи ги објавија плановите на владата да се преиспита барањето за островите познати и како Малвински острови.

Министерот за надворешни работи на Аргентина, Сантијаго Кафиеро го формулираше предлогот за повторно отпочнување на преговорите за суверенитетот околу Фолкандското прашање, стои во соопштението на министерството, по состанокот со претставниците од Велика Британија.

Со оваа одлука всушност се става крај на Пактот Форадори-Данкан од 2016 година, со кој се регулираат експлоатацијата на гас и на нафта, бродскиот сообраќај и рибарството околу Фолкландските Острови.

Ваквите барања на Аргентина наидоа на критики во Велика Британија, која тврди дека има власт над овие острови. Двете страни биле вклучени во преговорите во Њу Делхи неделава на самитот на Групата 20 Г-20, кој заврши во четвртокот.

По состанокот со Кафиеро, министерот за надворешни работи на Велика Британија, Џејмс Клеверли, се огласи на „Твитер“ и го осуди планот на Аргентина за повторно разгледување на преговорите за овие острови. „Фокладнските острови се британски“, напиша тој во четвртокот.

„Островјаните имаат право да одлучуваат за својата иднина и тие одлучија да останат самоуправна прекуморска територија на Велика Британија“, додаде Клеверли.

Неговите ставови ги повтори и Дејвид Рутли, британскиот министер за Америка и Карибите, кој оваа најава ја оквалификува како разочарувачка, по неодамнешната посета на Буенос Аирес.

„Аргентина одлучи да го раскине договорот кој им донесе утеха на семејствата на оние кои загинаа во конфликтот во 1982 година“, напиша Рутли.

„Аргентина, Велика Британија и Фокланда имаат корист од овој договор“, додаде тој.

Пактот Форадори-Данкан вклучуваше договор за идентификување на останките на непознати аргентински војници кои загинаа за време на Фолкландската војна во 1982 година.

Scroll to Top