Бугарска кралица на криптовалути меѓу десетте најбарани луѓе на ФБА

ФБИ ја стави бугарска кралица на криптовалути Ружа Игнатова на листа на десетте најбарани луѓе на светот. Таа се товари за измама тешка над четири милијарди долари, а се води како како исчезната од 2017 година. Тогаш американските власти распишаа потерница за нејзино апсење. Последен била видена како се качува во авион од Бугарија за Грција.

Бугарката е барана за водење уанкоин, а им ветувала провизии на оние што понатаму би ја продале криптовалутата на други луѓе. Агентите на ФБИ утврдиле дека уанкоин е безвреден и дека, всушност, тоа е измама.

„Ружа Игнатова одлично ја темпира својата измама“, изјави Демијан Вилијамс, главниот федерален обвинител на Менхетн. „Една од причините што тешко ѝ се влегува во трага е што исчезна со најмалку 500 милиони долари“, вели Џејми Бартлет, кој со години го истражува случајот.

Таа е единствената жена меѓу десетте најбарани луѓе на ФБИ, кој понуди награда од 100.000 долари за информација што ќе доведе до нејзино апсење.

Scroll to Top