(Четврт дел) Слаѓана предупредува дека вакцините можат да бидат смртоносни

Доктор Слаѓана Велков вели дека во периодот од 2006 година до 2013 година, биле регистрирани 30.674 пријави на случаи на болести и смртни случаи.

Станува збор за 140 се смртни случаи. Во 963 случаи бил утврден траен инвалидитет кај пациентите. Во 6085 случаи пациентите никогаш не заздравиле, а 534 пациенти биле со промена на PAP тестот. 216 имале дисплазија на грлото на матката (што претставува премалигна промена), а кај 65 случаи бил откриен рак на грлото на матката.

Конечниот процент од последиците од вакцинација не е познат. Vaccine Adverse Events Reporting System VAERS со тек на време собирал податоци за негативните ефекти на ХПВ – вакцината од сите земји во светот.

Како што пренесува sanevax.org, кај некои пациенти последиците биле смрт, парализа, грчеви, невролошки нарушувања, мозочни удари, неправилна работа на срцето, прекин на работата на бубрегот, оштетување и губиток на видот, автономни болести, рак на грлото на матката, генитални брадавици, стерилност, абортус, артритис, астма.

Индија во 2010 година ги суспендирала клиничките испитувања на ХПВ-вакцината. Оваа одлука стигнала по смртта на четири девојчиња кои ја примиле  вакцината. Веднаш било поднесено барање за одземање на лиценцата.

„Барајте од лекарите да ви потпишат прифаќање одговорност за последиците од вакцинацијата. Барајте од оние кои им даваат на децата вакцина, да потпишат изјава дека ја прифаќаат казнената и материјалната одговорност за сите негативни последици од вакцинацијата. Ќе се уверите дека никој од лекарите па сè до министерствата нема да потпише таква изјава. При самата набавка на вакцината, произведувачите ќе се откажат од одговорноста за негативните последици. Ако произведувачот не е одговорен, тогаш кој е одговорен? Одговорноста за животите на нашите деца секогаш е наша“, вели Велков.

„Овде се работи за живот и смрт и жртвите на оваа вакцина самите треба да се организираат и да ангажираат адвокати за да ги застапуваат нивните права. Треба да се креираат политички групи кои бараат измени на законот и построги контроли. Само во Америка десетина адвокатски компании ги застапуваат случаите на оштетени од вакцинирање. Им препорачувам на сите добро да се информираат пред да донесат каква било одлука“, вели Велков.

Бројните истражувања го докажуваат тврдењето на доктор Слаѓана Велков

Составот на HPV вакцината може да се најде на познатата веб-страница на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (www.cdc.gov/vaccines/pubs/pinkbook/downloads/appendices/B/excipient-table-2.pdf), а може да прочитате и за ефектите на една од состојките, полисорбат 80, и како тој влијае на репродуктивните органи на глувците (http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/8473002?dopt=Abstract).

Смртноста на децата од поливалентните вакцини е зголемена за 50%, смета Велков. Податоците на американската државна агенција Vaccine Adverse Events Reporting System (VAERS – Систем на известување за непосакуваните последици од вакцинирањето), покажуваат дека 145.000 деца починале во текот на 20 години како последица на овие комбинирани вакцини.

Началникот на педијатрија, доктор Џејкоб Пулиел, вработен во болницата Свети Степхенс во Њу Делхи, Индија, во научното списание Indian Journal of Medical Ethics (IJME) ја обвинил Светската Здравствена Организација, дека ја промовира петовалентната вакцина, тврдејќи дека е не е точен фактот дека таа нема негативни ефекти.

Поради преголемиот број смртни случаи и непосакувани реакции од поливалентните вакцини во Пакистан, Виетнам, Шри Ланка и Бутан, вакцинирањето со овие вакцини во овие земји е забрането. Да се даде ваква вакцина на бебе од три килограми е приближно да се дадат 30 вакцини на возрасен човек од 80 килограми, смета Велков.

„Секоја поединечна вакцина е поедичен напад. Поливалентната вакцина претставуваат повеќе напади во исто време. Пукате во вашето дете со вакцина наместо со револвер!“, вели доктор Ребека Карли.

Во студиото објавено во списанието Human & Experimental Toxicology, чии автори се доктор Гери Голдман и Неил З, Милер наведува дека процентот на умрени и тешко заболени деца во повеќето случаи настанува кога детето ќе добие повеќе вакцини оддеднаш!

Извор од првиот дел

Извор од вториот дел

Извор од третиот дел

Scroll to Top