Членови на кралското семејство сакаат да го ликвидираат принцот Салман

Некои од членовите на саудиското кралско семејство, сакаат да го спречат по цена и да го ликвидираат принцот престолонаследник Мухамед бин Салман, да стане крал.

Ова го тврдат извори од кралскиот двор во Ријад, а го пренесува британската агенцја Ројтерс. Десетина принцови и роднини од моќниот огранок на семејството Ал Сауд сакаат промени во редот на наследници на тронот, но нема да превземат ништо се додека кралот Салман, 82 годишниот татко на Мухамед е жив.

Тие признаваат дека кралот тешко ќе се сврти против својот омилен син, но разговараат за можноста по неговата смрт, тронот да го превземе неговиот помлад брат, принцот Ахмед бин Абдулазиз. Принцот Ахмед ја има поддршката од членовите на семејството, безбедносните сили и некои западни сили.

Ваквиот пресврт на настани особено се засилил по убиството на саудискиот новинар Џемал Кашоги. Бил во план и претходно, особено откако Салман наредил апсење на сите негови соперници во трката за престолот. По неговата ликвидација, голем дел од светската политичка јавност и светските безбедносни агенции го посочија прстот кон Салман и оттука дел од кралското семејство сака да види демократски промени во земјата.

И покрај тоа што многумина сметаат дека наредбата за убиството на новинарот Кашоги стигнала од Салман, сепак властите во Саудиска Арабија негираат било каква вмешаност на принцот. Министерот за надворешни работи на земјата, Адел ал Џубеир ги отфрли ваквите тврдења на ЦИА, дека престолонаследникот наредил убиство на новинарот Џемал Кашоги.

Ал Џубеир ваквите наводи ги окарактеризираше како неосновани и Ријад во целост ги отфрлил. Во интервјуто за весникот „Ал Шарк Ал Аваст“, Ал Џубеир изјавил дека Анкара го уверила Ријад дека турскиот претседател не мислел на саудискиот престолонаследник, кога изјавил дека убиството на Кашоги е наредено од највисокото ниво на саудиската власт, пренесува Ројтерс.

Новинарот на „Вашингтон пост“ Џемал Кашоги, со саудиско потекло, исчезна откако влезе во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул на 2 октомври. Официјален Ријад долго молчеше за овој случај, додека на крајот не се согласи да им дозволи на турските истражители да влезат во зградата на конзулатот.

Голем број на аналитичари и медиуми пренесуваат дека во тој период, Саудијците имале доволно време да се ослободат од сите докази. Кога станало јасно дека Кашоги повеќе не е жив, од Саудиска Арабија било соопштено дека тој бил убиен по грешка за време на истрагата и испрашувањата кои тргнале во погрешен правец.

Наводно убиството го извршиле членови на саудиски известувачки сили, за кои Ријад тврди дека не знае ништо. Тие се уапсени, но останува прашањето кој ја дал наредбата за ликвидација на Кашоги. Саудискиот обвинител тврди дека станува збор за известувачки сили кои воделе истрага за Кашоги, кој на крајот завршил распарчен на парчиња.

Многумина во светот не поверуваа во оваа приказна и сметаат дека од самиот почеток зад ова стои принцот Бин Салман, кој веќе и брцнал на јавноста во око, по налогот да се уапсат неговите соперници во трката за престолот. На почетокот дури и американската известувачка агенција ЦИА, заклучила дека принцот Мухамед го наредил убиството на Кашоги.

 

Scroll to Top