Дијана не сакала да се разведе од Чарлс, објавени приватни писма на принцезата

Писмата на принцезата Дајана кои ги објави „Дејли Мејл“, а ќе се продаваат на аукција за 90.000 фунти. Парите ќе бидат донирани во хуманитарни организации. 32 се на број и се напишани во 1995 и 1996 година. Биле напишани за нејзини блиски пријатели.

На 28 април 1996 година Дајана напиша дека не отишла во опера затоа што била под притисок.

„Преживувам тешки моменти. Притисокот е сериозен и доаѓа од сите страни. Понекогаш ми е тешко да ја држам главата дигната, а денес сум на колена и само сакам разводот да мине затоа што цената е огромна“, напиша Дајана. На 20 мај 1996 година напиша дека некој ја прислушкува.

„Ако пред година дена знаев низ што сè ќе поминам, никогаш немаше да се согласам да се разведам. Ова е очајно и грозно“, пишала Дајана.

„Можеби ме мислат за пеперутка, но, не сакам да одлетам од ова прекрасно семејство“, напиша во декември 1995 година, еден ден откако кралицата Елизабета ги советувала да се разведат.

Нејзините пријатели Сузи и Тарек кои ги имаат писмата ќе ги продадат на аукцијата на 16 февруари. Веќе има заинтересирани купци.

 

 

Scroll to Top