Дали големите сили ќе го згаснат влијанието кое милијардерите го имаат на Светската здравствена организација

Дејвид Мекој, еден од водечките експерти во областа на глобалното здравје, уште пред три години предупреди дека приватните донатори сè повеќе влијаат на програмата на Светската здравствена организација, СЗО, пред сè Бил Гејтс и вели дека истата е премногу зависна од нив, пренесува Курир.рс.

„Кога Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ би престанала да испраќа милиони долари секоја година во Женева, СЗО веројатно досега би пропаднало. Во рамки на тоа, милијардерот има огромно влијание и на програмата на организација“, констатира Мекој.

Од одлуката на претседателот на САД Доналд Трамп за време на пандемијата на коронавирусит, привремено да се укине фнансирањето на Светската здравствена организација, што предизвика осуда ширум светот, глобалната битка на големите сили околу судбината на СЗО не стивнува.

Додеа Кина цврсто го брани СЗО, многу влијателни држави сега се залагаат за негова реорганизација.

Деновиве помошникот на рускиот претседател Владимир Путин, Максим Орешкин, изјавил дека поголемиот дел од меѓународните организации и институции се покажало дека не може да се изборат со предизвиците во време на кризата со коронавирусот. Поради тоа, како што смета тој, многу од нив ќе бидат реформирани, вклучително и СЗО.

Со иста оценка за неопходноста за реогранизација на Светската здравствена организација, излегоа и Трамп и францускиот претседател Емануел Макрон, по нивниот меѓусебен разговор. Државниот секретар на САД, Мајк Помпео отиде и чекор понапред, па укажа дека ново меѓународно тело би можело да го замени САД.

Една од замерките на работата на Светската здравствена организација се однесува на тоа дека се почесто се ослонува на приватни фондации и компании, со што ја загрозува независноста.

Аналитичарот Бранко Павловиќ нема дилема дека СЗО треба темелно да се преиспита, организира, финансира и да се преуредат нејзините правило, за да навистина му служи на човештвото.

„Светската здравствена организација веќе долго време е исполитизирана. Ова сега е само голем интерес поради пандемијата на непознатиот вирус, па сега тоа е актуелизирано. Сетете се само на наводниот напад на САРС во Сирија, кога потпретседателот на СЗО излезе и рече дека тој има податоци дека 500.000 луѓе се убиени меѓу кои и деца. Потоа се испостави дека немало никакво напад на САРС и дека воопшто нема жртви. СЗО е многу компромитирана организација. Таа е под недозволиво голем уплив и во кадроскиот избор и во финансиите од страна на она што може да се каже како американска длабока држава“, вели Павловиќ за „Спутник“.

Тој прецизира дека всушност станува збор за големи приватни донации кои би можеле да се покажат како многу опасни.

„Сразмерно на силата на економијата на членките треба да се финансира СЗО, но потоа по ист критериум и да се раководи со таа организација. Приватниот интерес и кога е како донација, тој всушност брка некој свој профит. Има сознанија дека тој се користи во недозволени цели кај некои други видови на вакцини кои се работени во Индија. Приватниот интерес треба целосно да се исфрли“, вели Павловиќ.

Кова во мај 2017 година доктор Тедрос Адан Гебрејес од Етиопија, го превзeде петгодишниот мандат на генералниот директор на СЗО, имал поинаква визија. Тој најави реформа во управувањето и финансирањето на организацијата која во 1948 година е основана како тело на Обединетите Нации кои треба да промовира и да овозможи глобално здравје.

Денес СЗО има вработено повеќе од 7000 луѓе и тоа во 150 канцеларии во земјите членки, како и во шест регионални канцеларии и седиште во Женева, со буџет кој за минатата година изнесувал 4,8 милијарди долари, плус околу милијарда за сметка на работата во вонредни ситуации.

Поради недоволниот допринес на земји членки кои не е зголемен со години, Гебрејс истакна дека за него клучен приоритет е унапредувањето на пристапот на мобилизирање на сите ресурси, стари и нови донатори, истканувајќи дека сака СЗО да соработува со кој било партнер, јавен или приватен, кој може да помогне во подобрувањето на глобалното здравје.

Според оценката на Павловиќ, она што би било прифатливо, е во некои дел донациите да учестуваат во она што државата го поддржува како проект на СЗО. Можноста да приватните пари биде креатор на која било програма на СЗО, според него, треба целосно да се исклучи.

Трамп смета дека тој, претерано реагирал во одрекувањето на финансирањето на СЗО. Кога пандемијата и изборите во Америка ќе поминат, треба мирно да се пристапи на реорганизација, со една нормална втемеленост, не само на таа организација, туку и на многу други, смета Трамп. Дали во тоа ќе успее, како што вели тој, останува големо прашање.

Организациите, меѓу кои е и СЗО, како што се оценува, покажале слабост и во рационалното уредување на односите. Тоа бара реорганизација, но во реални рамки на меѓународните односи. Павловиќ изразува сомнеж дека секоја разумна иницијатива ќе биде блокирана.

„Тоа ќе направи остатокот од светот да побара да бара свои организции и свое меѓусебно организирање и соработка, со цел несомнено да ги оправдаат целите каде што соработката е пожелна и постигната“, заклучува Павловиќ за „Спутник“.

Извор/Курир.рс/Спутник

 

 

Scroll to Top