Дали Путин има свој коронавирус бункер?

Откако во светот се рашири коронавирусит, рускиот претседател Владимир Путин, речиси и не се појавува во јавност. Многумина теретичари на заговор сметаат дека рускиот лидер се крие во подземен бункер.

Последен пат Путин бил виден во болница во Москва. Тој се поздравил со главниот лекар Денис Проценко, кој подоцна се испоставило дека бил заболен од „Ковид-19“. Сега со докторот сè е во ред, пишуваат руските медиуми, пишува Russia Beyond, а пренесува српски Курир.

Фотографијата од Путин и Проценко се раширила низ социјалните медиуми уте во март. Од тогаш само уште една снимка од Путин во жолт сканфандер го обиколи светот и тоа е сè. Од тој момент јавноста не знае ништо за Путин.

Властите во Кремљ ги негираат наводите дека лидерот се крие во бункер. Тие велат дека по средбата со Проценко која ја имал на 31. март, наредниот ден Путин заминал во самоизолација. Тој престанал да доаѓа во Кремљ и ги намалил бројот на лични средби. Тој повеќе не се ракува со никого, изјавил прес-секретарот Дмитриј Песокв.

Песков објаснил дека Путин се обидува да држи социјална дистанца со останатите членови и персоналот од владта. Сите негови состаноци се одржуваат преку видео линк. Песков вели дека само одредени луѓе можат да остварат контакт со Путин. Таков е примерот со министрите и претставници од банкарскиот сектор.

Песков вели дека Путин редовно се тестира на вирусот исто како и одреден дел од административниот негов персонал. Според неговите зборови, Путин се тестира неколку пати неделно.

„Еден дел од персоналот работи од дома, а некои доаѓаат на работа само ако е потребно“, објаснува Песков.

Тој вели дека за заштита на Путин не се превземени никакви посебни мерки.

„Претседателовата медицина е посебна димензија. Тоа секогаш било така. Нема никаква врска со епидемиолошката ситуација. Затоа се прави сè што е потребно, за Путин се заштити од сезонски и други болести“, вели Песков.

Но, заговорниците многу не веруваат во ваквите владини соопштенија. Голем број Руси и понатаму во јавноста шпекулираат за тоа каде претседателот би можел да го минува времето во самоизолација. Некои новинари, изнесоа свои претпоставки дека тој би можел да се крие во некој бункер.

Кремљ ги демантираше ваквите гласини и тврди дека Путин живее и работи во својата резиденција во Ново Огарјово во Москва, место кое е десетина километри оддалечено од московскиот кружен автопат.

Видео-конференциите се пренесуваат од тоа место, тврдат службите на Кремљ. Песков објасни дека Путин непрекинато работи независно од добата на денот, или дали се работи за викенд или не. Тој вели дека Путин плива во базен, тренира во вежбална како вообичаено. Но тој не знае што Путин прави во остатокот од слободното време.

Извор/Курир.рс/Russia Beyond

 

 

 

Scroll to Top