Девојче пред осум години мистериозно исчезнало во Берлин

Полицијата во Германија до ден денес не може да ја пронајде малата Инга Герика, која исчезнала пред осум години. Последен пат е видена во 2015 година, кога имала само пет години. Исчезнала во шума во Саксонија-Анхалт каде ѝ се има изгубено секаква трага.

Многумина случајот го споредуваат со исчезнатото девојче Медлин Мекен, која исто така мистериозно исчезна во 2007 година додека била на одмор со семејството. Осум години потоа, исчезна и малата Инга, исто така за врме на семеен пикинг во северниот град Стендал.

Полицијата оттогаш работи на нејзино пронаоѓање, а сега излезе и со нови детали околу истрагата.

Оттогаш минаа осум години, а сè уште нема ни трага ни глас од малата Инга. Германските медиуми пренесуваат за голем број гршки во истрагата, за кој зборуваше и адвокатот на нејзиното семејство. Во четвртокот, одборот за внатрешни работи на државниот парламент се занимава со овој случај.

Адвокатот на братот на малата Инга, кој е од Берлин, изнесе сериозни обвинувања против истражителите кој го водеа овој случај. Меѓу нив се и тврдењата дека постојат досиеа од 1900 страници од Берлин кои биле задржани од инспекторите. Во нив е името на педофилот од Берлин, Мартин Х. (41) кој е во затвор.

„Тој доаѓа од место во близина на Стендал, недалеку од местото каде Инга исчезнала“, рече адвокатот за „Билд“ и додаде дека поседува и трошна куќа во Десау во која полицијата упаднала во 2016 година.

Таму забележале заѕидани прозори и изолирана врата, душеци во затемнет подрум, материјал за врзување и играчки за девојчиња. Во неговиот стан во Берлин се најдени секс кукли од силикон, кои реално се направени по пример на девојчиња од пет или шест години.

За една од нив се зборува дека многу личи на Инга.

„Во мај 2015 година, брзо по нејзиното исчезнување, овој престапник користел и багер на својот имот“, рече адвокатот. Во истиот период, го демонтирал и неговиот автомобил на имотот.

Според адвокатот, истражителите од Стендал ја прекинале истрагата затоа што го проверувале неговото алиби.

„Според мене, неговото алиби е сомнително“, рече адвокатот и додаде дека не смее да открива повеќе детали. Инга ичезнала на 2 мај 2015 година, во шума во германската држава Саксонија-Анхалт, за време на семеен пикинг. Отишла по дрва за оган со други деца во шумата, но таа никогаш не се вратила. Оттогаш и се има изгубена секаква трага.

Потрагата со кучиња и полициски хеликоптери завршила неуспешно. Повеќе од 1000 помагачи биле вклучени во потрагата, но никој не ја видел.

Полицијата во тоа време се сомневала дека е киднапирана. Шефот на истрагата Римар Клоцкзи, на новинарите им рече дека нејзиното исчезнување било необјасниво и неверојатно.

„Изгледа како да исчезна од лицето на Земјата“, рече Римар.

И покрај многуте години апел и понудена награда од 25.000 евра за каква било информаија за неа, малата Инга никога не е пронајдена.

Scroll to Top