Џеф Безос ја верил Лорен Санчез, тврди нејзиниот брат

Шефот на „Амазон“ Џеф Безос ја верил неговата девојка Лорен Санчез, тврди нејзиниот брат Мајкл во тужбата поради клевета која ја поднел во судот во Лос Анџелес. За потсетување, Безос 25 години помина во брак со Мекензи Безос, а за аферата со Лорен се дозна кога нивните преписки беа објавени во јавноста.

Не беа само пораките кои ги дозна пошироката јавност, туку беа објавени и експлицитни фотографии од најбогатиот човек на светот, поради кои Мајкл заврши на суд. Милијардерот се сомнева дека братот на неговата сегашна партнерка ги објавил провокативните фотографии во јавноста.

Мајкл Санчез е холивудски менаџер за таленти. Тој во својата тужба го споменал Безос како „моментален вереник“ на неговата сестра. Безос и неговиот безбедносен советник Гавин де Бекер го тужат Мајкл затоа што на репортерите им испратил голи фотографии кои на крајот завршиле кај уредниците на весникот „Нешнл инквајерер“.

Мајкл изнел повеќе наводи за Безос и Лорин, вклучувајќи го и тврдењето дека нивната врска почнала многу порано отколку што било укажано и дека неговата сестра имала улога во објавувањето на пораките и фотографиите од двојката.

„Иако иницијалната теорија на господинот Де Бекер била дека господинот Санчез ја продал своајта сестра за 200.000 долари, Де Бекер набрзо сватил дека тоа не држи вода, затоа што меѓу останатото, било незамисливо господин Санчез да ја уништи врската со својата сестра и нејзиниот моментален вереник, најбогатиот човек на светот, заради финансиска добивка“, е наведено во тужбата.

Тоа е единствениот дел во кој, Мајкл укажува дека Безос и неговата сестра се верени. Двојката сеуште ја нема објавено веридбата во јавноста, ниту пак одговориле на тврдењата на Мајкл. Сепак, на раката на Лорен минатиот месец биле виден голем прстен додека таа била на одмор со Безос на Сент Барт.

Безос го возврати ударот во понеделникот, кога ургирал кај судијата да ја отфрли тужбата на Мајкл, затоа што смета дека активностите за кои Санчез ги обвинува се заштитени со закон. Заоконот ја ограничува парницата со која се сака да се угуши човековата слобода на говор, која е загарантирана со Првиот амандман во САД.

Де Бекер е приватен истражител кој добил задача да го искорени изворот на приказната која избила во јавноста минатата година, кога „Инквајерер“, објавил дека Безос има афера со Лорен Санчез.

Мајкл во тужбата навел дека имал договор со таблоидот, но дека немал ништо со обезбедувањето на голите фотографии на Безос. Откако приказната беше објавена, Безос во постот навел дека таблоидот се обидел да го уцени со срамни фотографии, кои му ги испратила Лорен. Шефот на „Амазон“ исто така укажал дека таблоидот е поврзан со Саудиска Арабија, која била вознемирена од известувањето на весникот „Вашингтон Пост“, весник кој е во сопственост на принцот на Саудиска Арабија.

Освен тоа се појавија и наводи дека телефонот „Ајфон“ на Безос веројатно бил хакиран со фајл кој му бил испратен со налог во сопствеништво на саудискиот принц Мухамед бин Салман, но експертите не го поврзаа хакирањето со магазинот. Лорен оваа недела изјави преку соопштение дека нејзиниот брат Мајкл ја изневерил.

„Мајкл е мојот постар брат. Тој тајно ги обезбеди моите најприватни информации на „Нешенел Инквајерер“, што е длабоко непростливо предавство“, навела таа. Мајкл во тужбата не го навел точниот износ на оштетата која ја бара од Безос и Де Бекер.

 

 

 

Scroll to Top