Џина Хаспел го наговорила Трамп да ги избрка руските дипломати

Американскиот весник „Њујорк тајмс“ од неименувани извори во американските специјални служби, открива дека првиот човек на ЦИА, Џина Хаспел, го убедила американскиот претседател, Доналд Трамп, да избрка десетина руски дипломати поради ситуацијата со труењето на рускиот шпион Сергеј Скрипаљ во Солзбери.

Весникот пишува дека Џина успеала да го убеди претседателот покажувајќи му фотографии од деца и патки погодени од нервниот гас новичок. Трамп немал намера да избрка никого по инцидентот во Солзбери, како што тоа го направиле во Велика Британија, но сепак Хаспел успеала да влијае на одлуката на американскиот претседател.

Таа како еден од аргументите го навела фактот дека Сергеј и неговата ќерка Јулија не биле единствените кои настрадале во тој инцидент.

Откако Трамп ја видел фотографијата, донел одлука да се протераат руските дипломати, пишува „Њујорк тајмс“.  За потсетување, на почетокот на март во 2018 година рускиот известувач Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка Јулија беа отруени во британскиот град Солзбери.

Колеги на Хаспел велат дека ова не е првпат директорката на ЦИА да употреби емоции во убедување на американскиот претседател покажувајќи му фотографии кои можеле да влијаат на неговото разумно донесување одлуки.

Ваквиот настан предизвика меѓународен скандал во кој Лондон ја обвини Русија, додека Москва категорички ги отфрли сите обвинувања како неосновани.

Извор: Курир.рс/Њујорк Тајмс

 

Scroll to Top