Џорџ Сорос: Се наоѓаме во најголемата криза по Втората светска војна

Американскиот инвеститор и милијардер Џорџ Сорос, вели дека светот ја доживува најголемата криза по Втората светска војна и дека луѓето се дезориентирани и исплашени.

Американскиот инвеститор и милијардер Џорџ Сорос го прослави 90. роденден во, како што наведе, најлошата криза во својот живот по Втората светска војна.

„Ние сме во криза, најголемата криза во мојот живот по Втората светска војна. Ова би го опишал како револуционерен момент кога распонот на можности е многу поголем за разлика во нормалните времиња“, изјавил Сорос.

„Тоа што е непоимливо во нормално време станува не само нормално, туку и навистина се случува. Луѓето се дезориентирани и преплашени. Прават работи што се лоши за нив и за целиот свет“, навел Сорос за италијанска „Република“.

Тој смета дека Европа е многу ранлива, многу повеќе од САД. САД се една од најдолговечните демократии во историјата. Но, дури и во САД, измамник како што е Доналд Трамп, може да биде избран за претседател и да ја уништува демократијата од внатре.

„Но, во САД имате долга традиција на доверба, рамнотежа и воспоставени правила. А пред сè го имате Уставот, така што убеден сум дека Трамп е минлив феномен, кој се надевам дека во ноември ќе си замине од функцијата“, смета Сорос.

Тој вели дека Трамп и понатаму е многу опасен, се бори за сопствениот живот и ќе направи сè за да остане на власт затоа што го повреди Уставот на многу начини, а ако изгуби на претседателските избори, ќе се смета за одговорен.

Но, Европската Унија е многу поранлива затоа што е некомплетна унија. Има многу непријатели, внатрешни и надворешни, објаснува Сорос.

По повод одлуката на Европската Унија да одобри фонд од 750 милијарди евра за закрепнување, вели дека ЕУ направила многу важен позитивен чекор кон својата обврска за да позајми пари од пазарот во многу поголема количина од кога било претходно.

Но, како што додал, неколку земји, таканаречената штедлива петорка, во која спаѓаат Холандија, Австрија, Шведска, Данска и Финска, успеала да го намали ефектот постигнат од договорите.

„Трагедијата е во тоа што земјите во основа се проевропски, но многу себични. Многу се и штедливи. Првин направија договор, кој ќе се покаже дека не одговара за сите. Намалените планови за климатските промени и политиката на одбрана се особено разочарувачки. Второ, сакаат да се сигурни дека парите правилно се трошат“, вели Сорос.

Тоа создава проблеми кај јужните земји, кои се најсилно погодени од вирусот“, изјавил Сорос, пренесува порталот „Биз лајф“.

Scroll to Top