Директорот на берзата на криптовалути кој во еден ден загуби 16 милијарди, оди на суд во Њујорк

Поранешниот шеф на банкротираната берза за криптовалути FTX, Сем Бенкмен-Фрид, стигна од Бахамите во Њујорк каде треба да се соочи со обвиненијата за измама со криптовалути.

30-годишникот Сем беше екстрадиран под сомнение дека извршил една од најголемите финансиски измами во историјата на САД, објавија американските власти. Иако ги негира наводите, Сем би можел да се појави на суд подоцна денеска пренесоа медиумите.

Веќе двајца од неговите поранешни соработници се изјаснија за виновни за поврзаните обвиненија. Ко-основачот на FTX, Гери Ванг и Керолин Елисон, поранешен шеф на фирмата за тргување со криптовалути Alameda Research, беа обвинети за измамата што придонесе за колапс на FTX.

„И двајцата сега соработуваат со Јужниот округ на Њујорк“, рече Демијан Вилијамс, адвокат на јужниот округ во Њујорк.

За потсетување, FTX прогласи банкрот, па многу луѓе не можат да повлечат средства. Според судската пријава, компанијата им должи на своите 50 најголеми доверители речиси 3,1 милијарди долари.

Директорот на берзата за криптовалути во еден ден изгуби 16 милијарди долари

 

Scroll to Top