До 2050 година ќе се создадат роботи со емоции, а децата од раѓање ќе имаат чипови

By

До 2050 година во светот сите трансакции, купувања, продажби ќе се одвиваат со една валута, истопловите односи нема да бидат табу-тема, а на Арктикот речиси и ќе нема лед и ќе може секојдневно да се оди на летување, предвидуваат футуролозите.

Тие велат дека ќе бидат создадени и роботи кои ќе имаат емоции како и луѓето, а ќе се појават и нови религии. Бебињата од раѓање ќе добијат идентификациски чипови.

Сите кои ги интересира како ќе изгледа иднината за 10, 20 или 30 години, на интерактивна интернет-страница на компанијата „Каспарески-лаб“ ќе можат да истражат различни предвидувања на темата како тогаш ќе изгледа светот. Станува збор за интерактивниот проект „Земјата 2050“, на која футуролозите, светски познати научници и голем број корисници на интернет од сите краишта на светот ќе ја предвидат иднината.

До 2033 година 47% од човечките дејности би можеле да бидат преземени од страна на роботите. Роботизацијата ќе влијае на економијата на сите нивоа, а луѓето ќе бидат ослободени од најбараните, монотони задачи.

Едно од предвидувањата е егзоскелетите да ги зголемат физичките способности кај луѓето во секојдневниот живот. Луѓето со инвалидитет ќе можат да се движат без помош на инвалидска количка, па сè до истражувањата во вселената и одбраната, затоа што војниците кои ќе носат механички костуми ќе бидат практично неуништливи.

До 2050 година ќе се појават првата општа глобална вештачка интелигенција. Напредокот во сферата на квантните компјутери ќе им овозможи на роботите во целост да го реконструираат светот околу себе и да имаат емоции, амбиции, мотивација и логика.

До средина на овој век ќе се унапреди способноста на паметење и учење со неверојатна брзина. Децата ќе бидат опремени со најнови импланти за зголемување на меморијата, која ќе им помогне во учењето.

Оштетувањето на мозокот, поради повреда на главата, ќе може да се лечи многу лесно, исто како и губењето на паметењето. Се предвидува дека до 2050 година во светот ќе владее една валута. Луѓето ќе бидат идентификувани преку чипови. На сите ќе им биде доделен имплант при раѓањето. Без чип нема да може да се купи или продава ништо. Постојат предвидувања дека ќе дојде до ширење на нови религии, а нивните следбеници ќе ги почитуваат вештачките и интелигентни божествени ентитети.

Глобалното затоплување ќе продолжи и на Северниот Пол, а снегот и ледот ќе се стопат до тој степен што целосно ќе исчезнат. Тоа ќе отвори можност за пловидна на воени и трговски бродови, па дури и за создавање арктички одморалишта.

До 2050 година, во западните општества ќе владее истополова љубов и таквата сексуалност ќе биде широко распостранета и прифатена. Табуата за истополовите односи ќе исчезнат.

 

 

 

 

Ќе ви се допадне