Доналд Трамп е сериозно болен, не може да ја држи чашата

Многумина теоретичари на заговор сметаат дека американскиот претседател е сериозно болен, откако ја видеа снимката на која тој не може да се напие вода. Трамп имаше проблем да ја задржи чашата, со една рака, па мораше да ги користи двете.

Некои експерти сметаат дека тој има сериозен неуролошки проблем. Видеото е снимено за време на неговиот говор на воената академија „Вест Поинт“. По завршувањето на говорот, за време на неговото симнување од сцената, Трамп изгледаше дека е нестабилен.

Откако снимките се појавија во јавност и самиот тој мораше да се објасни на „Твитер“ и објасни за што станува збор.

„Патеката низ која се суштив по говорот на „Вест Поинт“ беше долга и стрмна. Немаше каде да се фатам и што беше најважно, беше многу лизгава. Последно што сакав да му се случи е да паднам, па авторите на лажни вести да можат да се забавуваат. Последните 10 метри ги трчав до рамниот дел“, напиша Трамп на „Твитер“.

Но, снимката не го покажува тоа. Трамп остана должен за информацијата со држењето на чашата вода со двете раце. Психијатарот од Јејл, доктор Бренди Ли, вели дека се работи за невролошки знаци кои укажуваат дека Трамп мора да направи преглед и снимање на мозокот.

Инаку Трамп и претходно имал потешкотии со чашите и пиењето на вода. Првпат е снимен како ја држи чашата со две раце во 2017 година.

Тогаш тврдел дека е совршено здрав, нешто што го потврија и од Белата куќа. Претседателот на САД, денес го слави 74 роденден.

 

Scroll to Top