Доналд Трамп ја темпира вакцината за пред 3 ноември за да може да победи на изборите

By

Американскиот претседател Доналд Трамп ја темпира вакцината против опасниот коронавирус за пред  3 ноември со цел да  победи на претстојните претседателски избори, сметаат некои теоретичари на заговор. Тие велат дека тој сака да победи на изборите по секоја цена.

Трамп изјави дека постои можност вакцината против  коронавирусот да биде готова околу 3 ноември, кога треба да се одржат претседателските избори во таа земја.

„Вакцината ќе биде достапна пред крајот на годината, но може и многу порано“, одговорил Трамп на новинарските прашања за тоа кога граѓаните ќе можат да ја очекуваат истата.

 

„Мислам дека е можно да се случи и на 3 ноември“, одговорил Трамп на прашањето дали вакцината може да биде готова пред претстојните избори.

Изјавата на претседателот доаѓа по соопштението на Стејт департментот дека се издвоени 104 милиони долари за набавка на шприцови.

Стејт департментот објасни дека се решиле на овој потег за вакцинацијата на населението да почне што е можно поскоро, откако Управата за храна и лекови (ФДА) ќе ја одобри вакцината.

Шприцови и игли се неопходни во стратегијата на нацијата во борбата со коронавирусот, така што ќе се купат 500 милиони шприцови за период од 12 месеци, а повеќе од 134 милиони ќе бидат доставени до крајот на годината, е наведено во соопштението од Стејт депарментот.

Американската влада им дава на компаниите милијарди долари за милиони дози експериментална вакцина и тие прават залихи за масовна дистрибуција. Тие се надеваат дека барем некои од нив ќе бидат безбедни и ефикасни.

Според најновите податоци, во САД повеќе од 4,8 милиони луѓе се заразени со коронавирус, додека над 159.000 луѓе починале од Ковид-19.

Ќе ви се допадне