Американскиот претседател, Доналд Трамп, според непотврдени извештаи, се подготвува да го помилува основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, пишува Курир.рс.
Информациите за помилувањето потекнуваат од советникот на Трамп Марк Брнс, за кого се верува дека претходно имал пристап до претседателот.
Трамп допрва треба да го потврди извештајот. Досега не е објавена ниту една изјава или твит по ова прашање. Иако е непотврдено, идејата дека Трамп размислува да го помилува Асанж не е сосема неверојатна.
Трамп и претходно размислувал да ги помилува и Асанж и Сноуден. Претходно овој месец, свиркаш во NSA, го повика американскиот претседател да го помилува основачот на „Викиликс“.