Доналд Трамп ризикува да ѝ објави војна на Русија

Порастот на антируското чувство на Западот може да доведе до тоа американскиот претседател Доналд Трамп да ризикува да ја повтори „шегата“ на поранешниот претседател Роналд Реган и да ѝ објави војна на Русија.

Само што сега постои голема опасност нападот навистина да се случи, смета и воениот експерт и историчар Јуриј Кнутов. Според него, тоа би бил последниот ден за голем број градови и држави членки на НАТО.

Кнутов за порталот „Полит Русија“ се потсети на историјата кога Роналд Реган во 1984 година, случајно на микрофон, кој останал вклучен, изјавил дека за пет минути ќе почне бомбардирањето на СССР. За среќа, Америка успеала да го заташка тој меѓународен скандал.

Тие објасниле дека зборовите на Реган биле шега иако во реалноста Вашингтон веќе го подготвувал планот за уништување на Москва.

Оваа идеја останала и понатау во главите на западните политичари и војската, вели Кнутов. Но, сега меѓу нејзините приврзаници не биле само Американците, туку и Полјаци, Украинци, Финци и други.

„Не би ме изненадило ако некои од современите лидери се пошегува како Реган во 1984 година. Дури и Трамп е способен за такво нешто“, објаснува Кнутов.

Планот за напад на Русија се пишува на ниво на НАТО. Според неговите зборови, на почетокот на годината НАТО усвоил стратешки концепт кој предвидува уништување на Русија.

Експертот наведува дека тие навистина разговараат за можноста на истоврмеен напад и на Калинград, Крим и на Курилските Острови. Истовремено, планираат и напад на Сирија, каде што се сместени руските единици.

„Замислата е следна. Русија ќе се збуни кога непријателот ќе почне да ги напаѓа разните точки, а за еден ден, барем еден дел од земјата ќе биде изгубен за Москва“, вели Кнутов.

Сепак, експертот вели дека западните политичари и воени сорботници залудно се надеваат на ваквата идеја. Во последните неколку години вооружените сили на Русија постојано работат на оперативно премесување на трупите и координација на воените дејства.
Освен тоа, Русија има значителна предност, хиперсонично оружје, кое нема аналози во светот. Исто така, одговорот на секој нуклеарен непријателски напад ќе биде недвосмислен.
„Тој практично ќе избрише значителен дел градови во САД од лицето на земјата и преостанатите земји членки на НАТО“, предупредува Кнутов.

 

 

Scroll to Top