Древните Маи исчезнале затоа што со векови се труеле со жива, сметаат научниците

Древните Маи исчезнале затоа што со векови се труеле со жива, сметаат научниците. Токсичното ниво на загадување со жива, кое најчесто е поврзано со современата индустрија, сега е откриено и на со векови стари археолошки локалитети, каде што некогаш се засновала нивната култура.

Одамна пред доаѓањето на конквистадорите, кои во Новиот Свет донеле војни и болести, урбаните центри на Маите била загадени со големи количини жива.

„Загадувањето со толкава количина на жива обично се поврзува со современите урбани центри и индустриски подрачја“, рече Данкан Кук, геоархеолог од Австралискиот католички универзитет и предводник на студијата што го проучува еколошкото наследство на Маите.

Заедно со тим истражувачи од САД и Британија, Кук ги анализирал базите на примероци и податоци собрани од 10 локалитети кои потекнуваат од класичниот период на Маите.

Споредбата и анализите на земјиштето покажале дека на седум од 10 локалитети е утврдена концентрација на жива еднаква на модерните горни граници на токсично ниво или над тоа ниво.

„Откривањето на живата длабоко во земјата во седиментите на древните мајски градови ќе биде тешко да се објасни сè додека не се земат предвид претходните археолошки откритија во регионот кои укажуваат дека Маите користеле жива пред неколку векови“, рече Кук.

Во својот чист облик, живата е метам со сјајносива боја која се топи на ниски температури и се претвора во густа течност, која низ историјата го добила името брзо сребро.

Сепак низ историјата соединенијата кои содржат жива биле широко користени во индустријата и културата. Меѓу популарните е живата нитрат која е користена за да се зацврсти крзното за шеширите, а која ги труела нервните системи на занаетчиите кои ги изработувале.

Можеби најпопуларниот облик на жива кој е користен во историјата е живен сулфид, минерал познат како цинабар, кој е користен како пигмент за да се добие светлоцрвена боја за боење облека и садови. За народот опседнат со крв, како Маите, циноберот претставувал многу повеќе од светла нијанса црвена.

„За Маите, силниот црвен пигмент цинобер бил незаменлива и света супстанца и покрај тоа што бил многу смртоносен и токсичен, и неговото присуство во земјата и седиментите на дрвените мајски локалитети и понатаму трае“, рече геоархеологот Миколас Данинс од Универзитетот во Синсинати.

Scroll to Top