Држави кои ќе профитираат од коронавирусот

На основа на проценките на поголеми меѓународните организации, економијата на Кина ќе биде негативно погодена по појавата на коронавирусот.

Тоа последично ќе има негативен ефект и на светската економија. Економистите очекуваат дека вирусот ќе предизвика и пореметување во различни сектори како што е авиосообраќајот, меѓународната трговија и туризам.

Сепак, во меѓувреме, можно е економијата на некои земји да има одредена корист од целата ситуација, пишува „Бизнисинфо“. Една од земјиде кои би можела да има бенефит е Турција.

Според збороите на турскиот министер за индустрија и технологија, Мустафа Варанка, вирусот ќе има позитивни ефекти на турската економија, во поглед на производтвото. Како што пренесуваат турските медиуми, Варанка изјавил дека добавувачите во странство, веќе почнале да покажуваат интерес за произведувачите во Турција.

„Се разбира не сакаме земјите да имаат вакви проблеми. Но, во светот постои економија која е во постојано движење“, изјавил тој и додал дека Турција, може да се носи со секаков предизвик.

„Турција е земја која може да произведува во речиси секој сектор“, изјавил Варанка и додал дека земјата е во состојба да го зголеми капацитетот и да биде еден вид на алтернатива за другите земји.

Вирусот, кој првпат е откриен во декември во градот Вухан, главниот град на централната кинеска провинција Хубеи, предизвика смрт кај повеќе од 1380 лица. Досега глобално, од истиот се заразени повеќе од 64.000 луѓе.

 

 

 

Scroll to Top