Не е тајна дека фудбалерите се сметаат за најпосакувани фраери меѓу жените. Со самото тоа, јасно е зошто често ги бие глас дека ги менуваат сопругите како чорапи, па дури и оние кои одамна се во брак. Се чини дека на прсти можат да се избројат оние за кои никогаш не се појавила некоја афера, како Меси.
Ова се некои од познатите фудбалери кои љубовните скандали ги чинеа скапо.
Дејвид Бекам
Еден од најуспешните фудбалери на сите времиња, веќе повеќе од две децении е во брак со Викторија. Се венчаа во 1999 година и од тогаш постојано се следени од медиумите. Љубовта имаше и успони и падови, но најголемиот скандал се случи во 2003 година, по потпишувањето на четиригодишниот договор вреден 37 милиони евра со Реал Мадрид. Како бомба одекна веста за аферата со Ребека Лос, ќерка на холандски дипломат. Планирале да му помогне да се снајде во Мадрид, каде отпатувал за да ја искористи животната можност со неговиот фудбалски клуб. Но, работите тргнале во погрешен правец. Меѓу нив се појави привлечност, која по кратко време не можеа да ја сокријат.
И додека Викторија во Англија ги гледала децата, Бекам почнал активно да се дружи со Ребека. Излегувале по клубови, а фатени биле заедно во хотелска соба. Првпат биле сликани заедно на 18 септември 2003 година во ноќниот клуб „Анада“ во Мадрид. Иако се обидувале да им оддолеат на чувствата, нивниот однос траел неколку месеци, додека Викторија не го прекина.
Пејачката дозна за нив од медиумите, а Ребека призна дека е во љубовна врска со фудбалерот. Конечното раскинување со Ребека го најави Дејвид, откако ја напушти нејзината агенција SFX и му се придружи на ПР агенцијата, која ја ангажирала Викторија.
Бекамови тогаш ги демантираа сите наводи.
„Вистина е дека сум среќно оженет и дека имам прекрасна сопруга и деца. Нема никаква трета личност која би го променила ова“, рече тогаш Бекам.
Карим Бензема и Франк Рибери
Познатите фудбалери се најдоа во центарот на скандал откако медиумите открија дека имале секс со проститутка која во тоа време била малолетна. Таа криела од нив за нејзините години, но и покрај тоа на фудбалерите им се закануваше тригодишна казна затвор.
Сепак, судот во Париз, во јануари 2014 година, ја отфрли тужбата, а Захија Дехар стана славна преку ноќ.
Оливер Кан
Приказната за германската легенда е стара повеќе од 20 години, но не падна во заборав. Ја остави сопругата во осмиот месец од бременоста поради врската со тогаш 21 годишната Верен Керт. Сепак ни таа не потраа долго, па Кан ѝ се врати на бившата сопруга Симона, за да повторно се разделат во 2009 година.
Две години подоцна, Кан со новата девојка доби син.
Џон Тери
И Тери не ѝ беше верен на сопругата Тони. Ја изневери со Ванеса Перончело, партнерката на неговиот колега Вејн Бриџ. Ова е една од најпознатите приказни за неверства во светот на фудбалот, а поради скандалот Тери ја изгуби капитенската лента во репрезентацијата на Англија.
Се шпекулираше дека Ванеса била и во бремена состојбам а дека Тери ѝ испраќал пари за абортус. Од друга страна, Парончело никогаш не призна дека имала било што со Тери, кој и понатаму остана во брак. Изгледа дека Тони му прогледала низ прсти и му го прости неверството.
Вејн Руни
Руни беше главна тема на жолтиот печат во 2004 година, кога ја изневери сопругата Колин со проститутка. Легендата на Манчестер Јунајтед не прекина тука, иако сопругата му ги прости неверствата. И потоа се слушаа гласини дека одел кај други жени.
Се пишуваше дека ја изневерил Колин и кога таа била во бремена состојба. Во брак се од 2008 година и имаат четири сина, но минатата година фудбалерот беше фатен во друштво на три едвај полнолетни девојки кои убавиот провод го снимиле и го објавиле на интернет.
И тогаш се зборуваше дека ќе се разведат, но Лорин и тогаш му прости.
Тиери Анри
Анри во брак со манекенката Клер Мери издржа речиси четири години. Нивната љубов доживеа крах откако Мери повеќе не можела да ги трпи неверствата на Французинот. Во 2007 година потпишаа дека се разведуваат. Најмногу се пишувало дека ја изневерил со Сејди Хјулет, а ова неверство го чинеше Анри 10.000.000 евра.
Михаел Балак
Него за неверство го обвини поранешниот германски фудбалер Кристијан Лел. Балак се ожени во 2008 година со Симона Ламбе, која му беше долги години девојка со која доби и три деца. Сепак, во 2012 година се разведоа, откако Лел откри дека Балак спиел со неговата девојка Даниела Ауман.
Месут Озил
Озил исто така беше обвинет од Лел, со кого едно време беше соиграч. Озил беше во врска со германската пејачка Менди Капристо, а во тоа време, Лел го обвини за неверство. „Месут ја искористи славата и се вмеша во нашата врска. Тоа не е во ред“, рече Лел за „Билд“. Озил никогаш не ја потврди приказната, туку само се закануваше со тужби.
Патрис Евра
Манчестер Јунајтед изглеа дека води на оваа листа на фудбалери кои се обвинет за неверство. Евра денес е познат и по своите луди видеа, но најмногу по скандалот од пред речиси една деценија.
View this post on Instagram
Во 2007 година се ожени со Сандра, неговата долгогодишна девојка, за да шест години подоцна се дознае за аферата со Карла Хау, плејбој модел. Меѓу останатото, Хау тврдела дека фудбалерот следното утро платил за секс, со што дополнително го понижил.
Френк Рибери
Францускиот фудбалер едно време премина и во исламот поради неговата сопруга Вахиба, но во 2010 година го открија заедно со неговиот колега од репрезентацијата Бензема, дека спиел со проститутка која тогаш немала ни 18 години. Рибери со Вахиба има две ќерки и син и останале заедно и покрај скандалот кој ги фрли во сенка неговите спортски успеси.
Ешли Кол
Ешли Кол едно време ја изневери пејачката Шрил Кол и тоа дури со три жени. Шерил му прости на почетокот, но нивниот брак не потраа, па во 2010 година пејачката поднесе барање за развод.
Рајан Гигс
Легендата на Манчестер Јунајтед му остана верен на својот клуб до крајот на кариерата, што не може да се рече кога е во прашање неговата бивша сопруга Стејси Кук. Во еден момент имал дури три паралелни врски.
Ја запрепасти јавноста со неговите постапки, а сопругата ја изневерувал во период од осум години и тоа ни повеќе ни помалку туку со Наташа, сопругата на неговиот брат Роди. Кога Стејси дознала дека Гигс ја изневерувал и со реалната ѕвезда Имоген Томас, тогаш сите детали излегоа во јавност.
Брзо потоа следеше развод. Гигс со Стејси има две деца. Во медиумите се шпекулираше дека разводот го чинел преку 40.000.000 фунти.