Еден од најозлогласените команданти на Путин е пронајден мртов, во јавноста се шират две теории за неговата смрт

Дмитриј Лисицки, еден до најозогласените командати на Путин е пронајден мртов, пренесе украинскиот медиум „Правда“. Бил командант на руските падобранци, а во јавноста се шират две теории за неговата смрт. Едната говори дека самиот се убил, додека другата дека го убиле Вооружените сили на Украина.

Блогерот Јегор Гузенко, кој служл под негова команда, извести за неговата смрт пред три дена. Гузенко тврди дека е ликвидиран од Украина и дека му се одмаздиле за масакрот во Иловаиск, каде загинале стотици украински војници и доброволци во регионот на Доњецк во 2014 година, тврди Бутусов.

Подоцна украинските медиуми известија дека Вооружените сили на Украина го убиле Лисицки. Руските медиуми пак тврдат дека се самоубил. Неговото тело е пронајдено со прострелна рана околу 10 часот на 26 јуни во неговиот стан во Ставорполе на улицата Серова.

Неговите колеги тврдат дека Лисици во последно време бил во депресија и дека зборувал за тоа дека ќе се самоубие, наводно поради тужбите кои ги добивал за неговите незаконски постапки кон неговиот персонал.

Смртта на потполковникот за порталот „База“ ја потврдил Александар Тенков, началник на округот Благодарненски од Ставрополската област, без да ја прецизира причината. Лисицки учествувал во речиси сите војни кои ги започна Русија, особено во Абхазија, Дагестан и Чеченија.

Таму командувал со борбената тактичка група на 247. полк, која во 2014 година ги нападна единиците на вооружените сили на Украина во Иловајск.

 

 

Scroll to Top