Египет со реакција на изјавата на Маск дека вонземјани ги изградиле пирамидите

Египет го покани милијардерот Илон Маск да ја посети таа земја и за себе да види дека славните пирамиди не се градени од вонземјани. Сопственикот на Tesla и SpaceX претходно на „Твитер“ објави дека вонземјаните учествувале во тој градежен проект и дека е очигледно.

Во таа пригода реагира египетскиот министер за меѓународна соработка, Ранија ал-Машат. Таа изјавила дека доказ оти пирамидите не биле изградени од вонземјани е откриениот гроб на фараоните и египетските владетели за кои се верува дека ги изградиле, пренесува BBC.

Како одговор на Маск на „Твитер“, таа го покани да дојде во Египет. Експертите тврдат дека гробниците откриени во 90-тите години се дефинитивен доказ дека пирамидите биле изградени од страна на античките Египќани.

Scroll to Top