Илон Маск со чипови во мозокот ќе ни пушта музика и ќе нè лекува

Илон Маск има идеја со вградување чип кај луѓето да ги излекува сите сериозни болесни, но истовремено да им овозможи на сите да слушаат музика, без да ги користат ушите.

Маск во текот на развојот на новиот проект ја промовира својата идеја за развивање интерфејс со чија помош ќе може да ги излекува болестите на мозокот, но и да ги подобри човечките способности.

Основачот на „Спејс икс“ и „Тесла“ откри нови детали за својот проект, мозокот и компјутерскиот интерфејс наречен Neuralink потврдувајќи на „Твитер“ дека во некој момент во иднината луѓето ќе може да слушаат музика, а истовремено да не ги користат ушите. Потребен е само чип.

Маск оваа функција ја најави додека ги промовира можностите на својот производ, кој излезе на пазарот. Тој својот производ го претстави во јавноста претставувајќи ги неговите потенцијални способности, од типот да се исправат некои повреди на мозокот или ‘рбетниот столб.

Овој изум работи во комбинација со вештачка интелигенција. Истовремено, технолошкиот претприемач изјавил дека компанијата и понатаму треба да реши голем број тешки проблеми, како што се обработката на сигналот, затворањето и индуктивното полнење.

Маск апелира до сите експерти од ова поле да му се приклучат на тимот на Neuralink. Промоцијата на Маск на карактеристиките на Neuralink не поминала незабележана од страна на корисниците на интернет.

Тие се под притисокот на теориите на заговор, особено оние што се однесуваат на пандемијата на коронавирусот и идеите дека милијардерот Бил Гејтс би можел да ги искористи чиповите за вакцинација на луѓето.

Некои корисници на социјалните мрежи забележале дека чиповите во главата кај луѓето звучат како типичен „дистописки футуристички филм“, кој нема среќен крај.

Освновачот на „Тесла“ пред две недели дал повеќе информации за способностите на Neuralink, потврдувајќи дека технологијата може потенцијално да ги излекува луѓето од зависност и депресија менувајќи ја хемијата на мозочните сигнали.

Neuralink во 2019 година потврди дека е креиран робот, кој имлантите за интеракција со компјутерите може да ги интегрира длабоко во човечкиот мозок.

Scroll to Top