Водечкиот американски епидемиолог, доктор Ентони Фаучи, добивал смртни закани поради работата што ја извршува во врска со пандемијата на коронавирусот.
Станува збор за закани што биле упатени кон него, но и неговото семејство. Тој вели дека биле малтретирани неговите ќерки поради што е принуден да ангажира обезбедување.
„Посакував моето семејство да не мораше да поминува низ целата оваа работа“, изјавил Фаучи, член на оперативната група за коронавирусот на Белата куќа.
Фаучи, кој беше во центарот на интересот на јавноста за време на пандемијата, имаше многубројни јавни несогласувања со американскиот претседател, Доналд Трамп.