Европската Унија го казни „Гугл“ со 4,3 милијарди евра

By

Европската Унија ја казни американската компанија „Гугл“ со речиси 4,3 милијарди евра поради тоа што го искористила својот оперативен систем „Андроид“ да ја блокира конкуренцијата.

Се работи за најголемата казна во историјата која Европската Унија ја изрекла на една компанија.

Во образложението на одлуката се наведува дека „Гугл андроид“, кој го има во речиси три четвртини од сите мобилни телефони, бил користен со цел да стекне предност во однос на конкуренцијата.

„Гугл“ од произведувачите на мобилните уреди барал да биде преинсталиран нивниот пребарувач доколку сакаат да имаат пристап до нивните услуги. Ова Европската комисија го карактеризира како отежувачки процес на потрошувачите во нивното право на избор и на тој начин ја ограничиле конкуренцијата.

Комисијата утврдила дека „Гугл“ барал од произведувачите да се преинсталира апликацијата „Гугл срч“ и неговиот пребарувач „Гугл хром“ како услов да добијат лиценца за трговската апликација на „Гугл“ (Play Store). Исто така „Гугл“ е обвинет дека плаќал одредени износи на некои големи произведувачи и примачи на услуги на движечката мрежа, со услов тие на своите уреди ја преинсталираат исклучиво апликацијата „Гугл срч“. На тој начин „Гугл“ ги спречил сите произведувачи да продаваат паметни мобилни уреди, со алтернативни варијанти „Андроид“, кои не биле одобрени од „Гугл“ (таканаречен „Андроид форкс“).

„Во овој предмет станува збор за три вида ограничувања кои ‘Гугл’ ги наметнал на произведувачите на уреди со оперативниот систем ‘Андроид’ и давачи на услуги на движечката мрежа со цел да се осигура прометот добиен од уредите со ‘Андроид’ и тој да биде насочен исклучиво кон пребарувачот на ‘Гугл’.

Со ваквата пракса ‘Гугл’ на своите конкуренти им ја ускратил можноста за натпреваруварње врз основа на квалитетот и иновациите.

На тој начин на европските потрошувачи им е ускратена придобивката од ефективна конкуренција. Ваквиот третман е нелегален врз основа на правилата за пазарно натпреварување“, вели Маргет Вестагер.

„Со ваквите потези, компанијата им ја намалила на европските потрошувачи користа од конкуренцијата во важната мобилна сфера, нешто што е спротивно на правилата на ЕУ“, порача Вестагер.

Европската комисија на „Гугл“ му дала рок од три месеци да прекине со ваквата пракса затоа што во спротивност ќе мора да плаќа дополнителна казна од пет просечни дневни промети на својата матична компанија, „Алфабет“ на светското ниво.

„Гугл“  во повеќе наврати истканал дека „Андроид“ не ѝ наштетил на конкуренцијата и дека секоја компанија имала можност да избере дали сака да го користи нивниот производ и дека неговиот оперативен систем значително придонел за развој на дигиталната економија. Од таму велат дека Андроидот бил достапен на произведувачите на мобилни телефони, како и на програмерите.

„Гугл“ бил казнет и минатата година, и тоа со 2,4 милијари долари, поради злоупотреба на владејачката положба на пазарот на пребарувачи, со давање незаконска предност на сопствената услуга.

 

 

 

Ќе ви се допадне