ФБИ ќе го испрашува принцот Ендру за случајот со Џефри Епстајн и неговата поврзаност со педофилија

Синот на кралицата Елизабета, принцот Ендру ќе соработува со агентите на Федералното истражно биро (ФБИ), за случаевите со педофилија и неговата поврзаност со починатиот милијардер Џефри Епстајн.

Сојузните обвинители во Њујорк и ФБИ побарале разговор со британскиот принц, тврди еден од тужителите и открива дека Ендру досега не соработувал со нив.

„Јужниот округ во Њујорк и ФБИ контактирале со адвокатите на принцот Ендру и побараа да земат изјава од него. Досега принцот не покажа никаква соработка со нив“, вели американскиот обвинтиел Џефри Берман.

„Ендру самиот се понудил преку соопштение испратено до јавноста да соработува со полициските органи кои ги истражуваат злосторствата кои ги сторил Џефри Епстајн и лицата кои се поврзани со него“, додава Берман.

Обвинителот не сакал да открие што точно сака да дознае од принцот Ендру, иако изјавил дека Епстајн не можел да ги стори злосторствата врз малолетничките без помош на неговите блиски и моќни пријатели. Сојузниот обвинител обично не открива кого бара за сведок во криминалистичката истрага, но Берман изјавил дека во овој случај јавност аима право да знае, затоа што принцот јавно изразил подготвеност за соработка.

Во ноември војводата изјавил дека е подготвен да помогне на која било известувачка агенција за спроведување на законот во нивната истрага.

 

Scroll to Top