ФБИ поседува тајни документи за Бигфут

Трезорот на ФБИ со документи е еден од најчуваните во светот. Во него се наоѓаат вредни документи со назнака „доверливо“. Во нивната база во денешно време и на интернет, можат да се најдат информации за разни луѓе, ѕвезди, политичари или било кои поединци чие внимание е вредно да се забележи.

dobivaj vesti na viber

Таквите документи стануваат јавни најчесто по смртта на личноста за која станува збор или откако ќе минат поголем број на години. Меѓу поинтересните „личности“ се наоѓаат и документите за митското суштество Бигфут, односно „Големо стапало“.

Многумина сметаат дека ова суштество е мртво. Се работи за големо мамуноликасто суштество, кое наводно лута низ дивината во САД и Канада, особено во делот кај езерата планините. Најчесто сведоштвата се дека било забележано во северозападниот и јужниот дел на САД.

Со децении луѓето се колнеле дека го забележале како шета низ шумите. Овој получовек, полумајмун, мечка има толку обожаватели ширум светот, па дури и самата американска влада почнала да трага по него.

Во официјалните записи, во повеќето документи во периодот од 1976 година до 1977 година можат да се забележи коресподенција меѓу информативниот центар Бигфут и одделението за научна и техничка услуга на ФБИ.

Во еден од тие документи се јавува и името на директорот на BIC Питер Бирн, кој побарал од ФБИ да го информираат дали ги анализирале влакната за кои се сомневале дека можеби му припаѓаат на Бигфут.

Бирн напонемал дека нема намера нивното истражување и материјалот кој го имаат да го поврзе бирото со неговата агенција, ниту пак во јавноста да потврди дека Бигфут навистина постои.

„Не наоѓаме често влакна кои можеме да ги идентификуваме. Во моментов имаме коса, односно 15 влакна кои се закачени на мали парчиња коса. Првите кои ги имаме пронајдено, ги сметаме за важни. Ги имаме пронајдено во изминативе шест години“, напишал Бирн во 1976 година.

Во одоговорот кој го добил од ФБИ, му било пишано дека нивната лабораторија првенствено спроведува истрага за правосудни тела во врска со криминални истражувања.

По неколку медиумски наптиси, сепак на крајот се согласиле да ги анализираат влакната. По неколку месеци, ФБИ му ги доставиле резултатите на Бирни и на организацијата која го поддржала тоа истражување. Се покажало дека Бигфут било измама.

„Заклучокот по тие анализи покажува дека ова влакно потекнува од елен“, напишале ФБИ и на тој начин ги срушиле сништата и фантазиите на сите оние кои сметаат дека легендата за мистериозното суштество е вистинита.

Тоа сепак не значи дека случајот е затворе. Можеби ваквиот трик на ФБИ, е да ги насочи сите оние кои трагаат по суштеството на погрешен правец, сметаат некои од тероретичарите на заговор.

 

 

Scroll to Top