Финансиерот на Џефри Епштајн починал под мистериозни околности

Гислејн Роберт Максвел, човекот за кого се верува дека го финансирал поранешниот милијардер и осуден педофил Џефри Епштајн, починал под мистериозни околности пред речиси две децении.

Роберт во 1991 умрел под мистериозни околности откако наводно украл стотина милиони фунти од сопствениот пензиски фонд во Велика Британија.

Мистеријата ја открил поранешен близок соработник и пријател на Џефри Епштајн, францускиот ловец на модели, Жан Лук Брунел.

Роберт Максвел бил чешки бизнисмен. Тој бил пронајден мртов во водите на Атлантскиот Океан во 1991 година кога претходно паднал од својата јахта. Подоцна било откриено дека украл стотина милиони фунти од пензискиот фонд на сопствената новинска компанија, „Мирор груп“.

Обвинителите во случајот со Епштајн за трговија со луѓе тврделе дека Роберт во осумдесеттите години му бил голем финансиер. Тој важел за висок член во британското друштво. Според некои наводи, Роберт работел и за израелски Мосад.

Жан Лук на свои блиски пријатели им открил дека Роберт бил една од причините зошто Епштајн имал толку многу пари. Роберт е таткото на поранешната девојка на Епштајн, Гислејн Максвел. Епштајн и Гислејн наводно почнале да се забавуваат кога таа пристигнала во САД по смртта на татко ѝ.

За потсетување, Гислејн била уапсена во јули во Њујорк и е обвинета за продажба на тинејџерки на осудениот педофил Епштајн. Во август 2019 година Епштајн умре под мистериозни околности во својата затворска ќелија во Њујорк додека го чекаше судењето за трговија со луѓе.

Scroll to Top