(Фото) Барак Обама ги збуни теоретичарите на заговор, повеќето го видоа во лабораторијата во Вухан

На социјалните мрежи почна да се шири фотографија од поранешниот американски претседател Барак Обама, која за повеќето теоретичари на заговор,е направена во 2015 година, во една од лабораториите во кинескиот град Вухан.

Сепак станува збор за фотографија направена во  лабораторијата на Националниот институт за здравје во градот Бетхесд во сојузната држава Мериленд.

Покрај Обама во истата се наоѓаат и  сегашниот главен советник на актуелниот американски претседател, Доналд Трамп, за коронавирусот, доктор Ентони Фаучи.

Теоретичарите на заговор го помешаа секретарот на Институтот, Силвија Бурвел, со сопругата на Бил Гејтс, Мелинда.

Многумина помислија и дека жената која се наоѓа покрај него е сопругата на основачот на „Мајкрософт“, а познато е дека семејството Гејтс веќе од поодамна е мета на заговорниците, кои тврдат дека се замешани во ослободувањето на Ковид 19.

Многумина заговорници тврдат дека оваа тројка во 2015 година била во посета на лабораторијата во Вухан, од каде што излегол коронавирусот.

Но, некои од заговорниците тврдат дека таа е направена во 2015 година, па оттука се сомневаат дека овие тројца имаат некаква врска со избувнувањето на опасниот вирус.

На социјалните мрежи веднаш завладеа општ метеж кога преку „Твитер“ и „Фејсбук“ почна да се споделува оваа фотографија. Веднаш почнаа да се шират теории на заговор за вмешаност на американскиот државен врв во создавањето на коронавирусот, заедно со семејството Гејтс.

Сепак вистината е дека станува збор за посета на Обама во Институтот, каде со Фаучи водат разговор не за короната, туку за напредокот во истражувањето за еболата.

 

 

 

 

Scroll to Top