(Фото) Чудовиштето од Лох Нес постои, заговорниците споделуваат фотографија од Неси

Приказните за чудовиштето од Лох Нес се стари повеќе од 1500 години. Многумина со децении тврдат дека го виделе необичното суштество, но, сепак, немаат конкретен доказ за да ги поткрепат нивните приказни.

Фотографија што се споделува на социјалните мрежи сега за многумина претставува доказ дека ова чудовиште навистина постои. Скелет со необична форма бил забележан на брег на една плажа во Шкотска. На социјалните мрежи, меѓу теоретичарите, се води дебата за тоа дали овој скелет е на познатото чудовиште од езерото.

Фотографијата е споделена на официјалната страница на порталот „Фубар“ од Шкотска, на 9 февруари и за кратко време истата предизвикала голем број реакции.

„О не, си замина Неси, толку од чудовиштето“, биле некои од коментарите.

Имало и такви кои сметале дека е во прашање скелет на кит, па апелирале да бидат повикани биолози и да ја испитаат целата работа. Засега не е утврдено за каков вид станува збор.

Scroll to Top