(Фото) Девојчиња открија астероид во близина на Марс, кој се движи кон Земјата

Две тинејџерки од Индија преку телескопот на Универзитетот на Хаваи успеале да откријат астероид што се наоѓал во близина на Марс и се движел во правец на Земјата.

Ова го соопштија од индискиот Институт за вселенско образование. Астероидот во моментов се наоѓа во близина на Марс и се очекува истиот да ја помине Земјата за околу милион години, соопштија од SPACE Индија, приватниот институт каде двете 14-годишни девојчиња имале обука.

„Се радувам што ќе добиеме шанса да го именуваме астероидот“, изјавила Ваидехи Векарија, која додала дека кога ќе порасне, има желба да стане астронаут.

Астероидот, кој во моментов се нарекува HLV2514, може да биде официјално крстен, откако НАСА ќе ја потврди орбитата, изјавила портпаролката на SPACE.

Астероидите и кометите претставуваат потенцијална опасност за Земјата, а научниците откриваат илјадници вакви секоја година.

Во 2013 година астероид потежок од Ајфеловата кула експлодирал над централна Русија. Во несреќата повеќе од 1.000 лица се здобија со повреди.

Scroll to Top