(Фото) Ким Џонг-ун е починат, на последните фотографии е негов двојник

By

Голем број теоретичари на заговор сметаат дека севернокорејскиот лидер е или починат или тешко болен, а дека на последните фотографии и видеа кои биле снимени од него се наоѓа еден од неговите двојници.

На некои од фотографиите, како што пренесуваат некои светски медиуми, се наоаѓаат две личности, кои неверојатно наликуваат на севернокорејскиот лидер, облечени во исти црни костуми.

Според некои теории, неговите двојници биле искористени поради неговото нарушено здравје. Некои медиуми сè уште шпекулираат дека лидерот на Северна Кореја по операцијата на срцето е починат.

Видеото на социјалните мрежи, за некои заговорници, претставува доказ дека Ким има двојници. Видеото исплива во јавност откако Ким исчезна во период од три недели.  Тогаш почнаа шпекулациите дека тој или е починат или е тешко болен. Чудно е како наеднаш се појавија фотографии од него како отвора фабрика за ѓубриво, сметаат теоретичарите.

Тие велат дека новите фотографии оддеднаш ги прекинаа шпекулациите за неговото лошо здравје или евентуална смрт.

Активистката за човекови права Џенифер Зенг ја забележала различноста меѓу старите и нови фотографии од Ким Џонг-ун.

„Дали појавувањето на Ким за први мај е вистинско. Погледнете само четири работи кај него. Забите, ушите и косата“, напишала таа на „Твитер“.

Аналитичарите тврдат дека постојат разлики во забите, на носот, цртите на косата и ушите, кои покажуваат дека човекот кој неодамна се сликал во фабриката не е вистинскиот Ким.

На сликите од пред две години се гледа како двојниците на Ким, заедно со него, го надгледувале лансирањето на ракетите Hvasong-14. Постојат и тврдења дека Ким можеби намарно ја лажирал својата смрт, за да ги открие своите предавници, тврдат некои теоретичари.

Според некои теории, неговиот двојник неодамна е фотографиран поради неговото нарушено здравје или смрт, додека, според други, Ким ги искористил своите двојници за да има време да закрепне од пластичните операции, кои само би ги потврдиле очигледните разлики на неговото лице.

 

 

 

 

Ќе ви се допадне