(Фото) Русите ќе градат нова станица во вселената

На меѓународниот форум „Армија 2022“, Роскосмос покрај моторот за вселенските летала, роботите за чување на  објектите од Земјата и новите типови на радиокомуникација, го претстави и изгледот на новата орбитална станица ROSS.

Русија веќе откри како ќе изгледа новата орбитална станица откако ќе ја напуштат сегашната Меѓународна. На меѓународниот форум „Армија 2022“, „Роскосмос“ ја претстави макетата на својата идна станица под надимакот ROSS.

Орбиталниот објект ќе биде лансиран во две фази, почнувајќи од четири модули и проширувајќи го потоа на шест, со сервисна платформа. Станицата би можела да прими четири лица, а наводно нуди и подобро следење на Земјата, од тоа што Русија денес го добива од Меѓународната.

За жал, „Роскосмос“ не откри конкретни детали, ни датуми, а руските медиуми тврдат дека првата фаза ќе биде покрената во периодот меѓу 2025 и 2030 година, додека другата ќе се случи во период меѓу 2030 и 2035 година.

Во зависност од кога точно Русија ќе ја напушти MSS, може да постои долг интервал до фунционална замена. „Роскосмос“ најави заминување од Меѓународната вселенска станица во јули, како одговор на санкциите и други мерки на Западот по почетокот на војната во Украина.

Ако тој потег се оствари, ќе заврши дведецениското заедничко, постојано присуство на САД и Русија на станицата. Русија до тогаш ќе продолжи со своите обврски, а ќе има и договор за размена на летови со САД.

Русија има стимулација да ја покрене сопствената платформа што е можно побрзо. Отсуството на станицата им ја ограничува нивната способност да го спроведат претходно споменатото набљудување на Земјата, како и истражувањата на ниската гравитација.

Се разбира, во прашање е и националната гордост.

Scroll to Top