(Фото) Руски новинари уапсени во Белорусија, од Минск се сомневаат дека ги организирале нередите

Истражниот комитет на белоруското Обвинителство денека соопштило дека руските новинари Артиј Важнеков и Игор Рогов биле приведени како осомничени во случајот со масовните немири, соопштила белоруската државна агенција, а пренесува ТАС.

„Овие граѓани се притворени утрово во 2 часот. Тие биле во видно алкохолизирана состојба. Осомничени се во кривична постапка што ја повел истражниот комитет во Минск во рамките на кривичниот закон“, е наведено во соопштението од комитетот.

Амбасадорот на Руската Федерација, Дмитриј Мезенев, изјавил дека двајцата руски новинари ќе бидат пуштени од притвор кога против нив ќе биде завршена редовната законска процедура.

На социјалните мрежи се појави и информација дека Игор Рогов е ослободен од притвор и дека веќе заминал за Русија, а Важенков наводно сè уште е во притвор.

Исто така, објавена е и снимка со име „апсење на провокаторите на нередите“, на која, како што се тврди, тие биле новинари.
Немирите избиле по неделните претседателски избори поради незадоволството на граѓаните поради наводно наместените претседателски избори и изборната кражба.
Scroll to Top